drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Известување од Агенција за млади и спорт PDF Печати
Среда, 15 Октомври 2008 13:02

Агенцијата за млади и спорт, со цел да ја следи примената на законот за спорт (Службен весник на Р.Македонија бр. 29/02 66/04 и 29/08) за што подготви анализа на неговото спроведување. Притоа се регистрирани одредени пропусти во однос на негова примена. .

Голем број на спортски клубови немаат решение за вршење на дејност спорт, како основен услов за активно делување во дејноста спорт. Ваквата појава забележана е и за неколку национални спортски федерации.


Укажуваме на одредбите од член 11 став 3 и 4 од Законот за спорт (Службен весник на Р.Македонија бр. 29/02 66/04 и 81/08) според која спортските клубови и државните спортски федерации се должни во рок од 30 дена од денот на уписот во Трговскиот регистар се должни да достават барања до Агенцијата за млади и спорт за издавање решение за вршење дејност спорт.


Затоа, апелираме до сите национални спортски федерации да ги известат своите клубови за задолжително почитување на Законот за спорт, со што ќе ги обврзат за учетство во систем на натпревари и обавување на активност во дејноста спорт да поведат постапка за добивање решение за вршење дејност спорт.


Агенцијата за млади, Сектор спорт, ќе ги ангажира своите служби за интензивирање на постапката за добивање на решение за вршење дејност спорт, за спортски клубови и национални спортски федерации кои ќе ја достават потребната документација до 31. декември 2008 година.


Во оваа прилика сакаме да ве информираме дека по горенаведениот датум ќе мора да ги применуваме и непопуларните одредби од членот 74 алинеа 3, од законот за спорт, во кој се предвидени казни и тоа: Глоба во износ од 4000 до 5000 евра во денарска противреност ќе се изрече на субјектот кој врши дејност спорт без добиено решение, а на одговорното лице на субјектот за прекршок глоба во износ од 1500 до 2000 евра во денарска противредност. На правното лице покрај глобата може да му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на дејност спорт во траење од шест месеци до пет години, а на одговорното лице на субјектот прекршочна санкција забрана за вршење на дејност спорт во траење од една година до 5 години.


Покрај ова, Агенцијата за млади и спорт за спортските клубови и федерации кои немаат решение за вршење на дејност спорт ќе покрене постапка за нивно бришење од Централен регистар.


Раководител на сектор спорт                                                                                      Директор

Бојан Ѓорѓев                                                                                                                     Драган Ѓурчевски