drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Април 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30
todor-mitrov-logo
SWISS LION Шаховски турнир за млади - Распис PDF Печати
Вторник, 28 Октомври 2008 18:32

Во основното училиште 11 Октомври во Скопје ќе се одржи третиот по ред шаховски турнир за млади, оваа година под покровителство на фирмата SWISS LION. Турнирот во О.У. 11 Октомври прераснува во убава традиција . која треба да ја следат и останатите училишта во Македонија, а се надеваме дека и други фирми ќе го следат примерот на SWISS LION и ќе помагаат во организацијата на шаховски турнири кои им се потребни на нашите млади шахисти.

 

РАСПИС


1. Во организација на О.У. 11 Октомври - Скопје ,  Шаховската Школа “ Гамбит” од Скопје и фирмата SWISS LION на 01-11-2008 (Сабота) со почеток од 10 часот ќе се одржат два турнири во шах. Право на настап на првиот турнири имаат деца од 4 одделение и помлади а на вториот турнир деца од 8 одделение и помлади.


2. Турнирот ќе се игра по швајцарски ситем од 6 круга со темпо од 15 мин (плус 10 секунди додавање на секој потег) на секој играч.


3. При делба на место одлучува

 

А. Прогрес

Б. Бухолц

В. Поголем број победи

Г. Мегусебна средба

Д. Ждрепка

4. За  трите прво пласирани деца од двата турнири се обезбедени Пехар, Медали, шаховски книги и стокова награда од фирмата SWISS LION.

5. Секој учесник ќе добие пригодна награда ( производ од фабриката SWISS LION)

6. Судии на турнирите се ИМ Орце Данчевски и ИМ Марјан Митков


7. Пријавувањето за турнирите се врши на тел. 076/425-180  и 075/475-051 или кај професорот по математика Дудески во О.У. 11 Октомври


8. Уписнина не се наплаќа, учеството на турнирот е бесплатно.


Скопје 01-10-2008

Организатор.
Ш.Ш. “ ГАМБИТ” - Скопје
О.У. “11 Октомври” - Скопје