drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
“Допинг скандалот што го потресе шаховскиот свет“ PDF Печати
Вторник, 27 Јануари 2009 19:49

Еден од најдобрите шахисти на денешницата, Украинскиот велемајстор Василиј Иванчук ја избегна казната од повеќегодишна суспензија, која му се закануваше заради одбивање да се појави на допинг тест. .


Скандалот настана во последното коло на Олимпијадата во Дрезден. Украинците играа историски меч против репрезентацијата на САД, во кој со победа ќе дојдеа до златото. Но, дотогаш одличниот Иванчук ја загуби пресметката со Гата Камски на првата табла. Да бидат работите полоши, во горчината на поразот и фрустрацијата на Украинците, официјалните лица на турнирот побараа од Иванчук да направи допинг тест, барање што заврши со шутирање на разни предмети и бетонски столбови во салата и надвор од неа, од страна на Украинскиот шахист.



После овој настан Иванчук беше предаден на дисциплинска комисија која требаше да му одреди казна, но во одбрана на шаховскиот гениј застанаа безмалку сите врвни шахисти кои ова барање за допинг тест веднаш по завршувањето на клучниот меч на Украина го нарекоа смешно. Понатаму, допинг тестот се воведе како чекор напред во намерата шахот да стане олимписки спорт, но оваа идеја воопшто ништо не им значи на најдобрите светски шахисти кои не би ја менувале Шаховската Олимпијада за летните или зимските Олимписки игри.


На карикатурата, Арониан, Гељфанд и Камски го претркнуваат уморниот Иванчук.


На крајот, официјалните лица на FIDE ја увидоа грешката, и под притисокот на шаховската јавност не му изрекоа санкции на Иванчук. Официјалното известување е дека лицето кое му пристапило на Иванчук му се обратило на англиски јазик, кој не е негов мајчин јазик, па веројатно Украинецот не го разбрал најдобро. Не звучи многу убедливо, но важно е дека правдата е задоволена. А официјалните лица на FIDE другпат добро ќе размислат пред да побараат допинг тест од Василиј Иванчук, ако ова и не беше нивниот последен обид.