drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Менкиноски избран за најдобар спортист на Струга за 2008 PDF Печати
Сабота, 31 Јануари 2009 12:17

Во организација на Сојузот на Спортови на Струга, на 30ти Јануари 2009 во хотелот Дрим се одржа традиционалната манифестација “Вечер на Спортот“, на која се избираат најдобрите спортисти, спортски работници и клубови во градот за изминатата натпреварувачка година. .


Освоената титула државен првак за 2008, првото место на Купот на Македонија во шах со екипата на ШК „Стефо Балто“ и двете норми за Интернационален мајстор беа доволни аргументи за наградата за најдобар спортист на Струга да му припадне на шахистот Ристе Менкиноски. Ова е прв пат во долгата традиција на оваа манифестација во град Струга, наградата да ја освои член на шаховскиот клуб “Стефо Балто“. На доделувањето во преполната сала на хотелот Дрим присуствуваа многу сегашни и поранешни шахисти и шаховски работници од градот.


sportskavecer

На сликата Ристе Менкиноски, со старата гарда: Спасе Паноски и Здравко Стефаноски.


Покрај изборот, за најдобар спортист, беа избрани и 12 најперспективни млади спортисти од градот, заслужни спортски работници и тренери. За најдобар спортски колектив од минатата година беше избрана женската ракометна екипа на ФОН, а за најдобар спортист од Струга кој настапува во екипи надвор од градот, ракометарот Наумче Мојсоски.