drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Април 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30
todor-mitrov-logo
Брзопотезни турнири на ШК „Гамбит“ 26.02 PDF Печати
Недела, 01 Март 2009 11:46

Во просториите на шаховскиот клуб „Гамбит“ од Скопје на 26.02 2009 се одржа брзопотезен турнир на кој зедоа учество 8 шахисти, а првото место го освои ИМ Дејан Стојановски од ШК „Алкалоид“. .


После 7 одиграни партии на врвот на табелата се пласираа Дејан Стојановски и Зоран Танчев со по 5.5 поени, но и идентични додатни критериуми, па така победникот беше решен во дополнителен меч од две партии кој го доби Стојановски со резултат 2-0. Возбудлива и интересна завршница на турнирот во кој Стојановски ја потврди неговата доминација кога се работи за турнири по забрзано темпо. Зоран Танчев пак вторпат по ред се пласираше на делба на првото место но не успева да го освои турнирот, па можеби третиот турнир ќе му донесе повеќе среќа. Третото место му припадна на Зоран Мукаетов.

 

Конечен пласман:

1. Дејан Стојановски 5.5

2. Зоран Танчев 5.5

3. Зоран Мукаетов 4.0

4. Марјан Митков 3.5

5. Никола Оровчанец 3.0

6. Вело Марковски 3.0

7. Мите Зафиров 3.0

8. Александар Константинов 0.5

 


Брзопотезни турнири ќе се одржуваат секој четврток во шаховскиот клуб „Гамбит“, а секоја среда и петок во шаховскиот клуб „Карпош“. Од двата клуба ги покануваат сите шахисти и љубители на шаховската игра да земат учество на турнирите.