drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Пуштени во употреба новите простории на ШК „Карпош“ PDF Печати
Недела, 08 Март 2009 01:39

И официјално се пуштени во употреба новите простории на ШК „Карпош“, на улица Иван Аговски бб, спроти полициската станица во Карпош 1. Клубот ќе биде отворен секој ден освен недела, од 17.30 - 22h. Во недела ќе се отвара по потреба. .

Брзопотезни турнири ќе се организираат секоја среда и петок од 19h, а во саботите ќе се организира турнир по викенд темпо од 15 минути + 2 секунди за одигран потег. Уписнина за брзопотезните турнири изнесува 100, додека за викенд - турнирите 150 денари. Редовните учесници на турнирите ќе бидат ослободени од плаќање членарина.


За жените и младите шахисти (под 18 години) исто така ќе има бенефиции: нема да плаќаат членарина, пониски уписнини и ќе имаат дополнителни награди на турнирите.


Во просторијата ќе работи Зоран Танчев. Телефон за контакт: 071/ 784 018


Одигран првиот турнир


На 04.03 2009 се одигра и првиот брзопотезен турнир на кој победи Зоран Танчев со максимални 9 поени од 9 партии. Второто место му припадна на Горан Главинац, а третото на Сашо Јанков.


Конечен пласман:


1. Зоран Танчев 9

2. Горан Главинац 6.5

3. Сашо Јанков 5

4-5. Валентин Јанчев 4.5

4-5. Зоран Мукаетов 4.5

6-7. Благоја Темков 4

6-7. Виктор Раниќ 4

8. Павле Ристовски 3.5

9. Слободан Цветковски 3

10. Лазар Крстевски 1