drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Април 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30
todor-mitrov-logo
Премиерот Груевски се сретна со претседателот на ECU Борис Кутин PDF Печати
Недела, 08 Март 2009 02:04

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски,  минатата сабота се сретна со претседателот на Европската шаховска унија ECU, Словенецот Борис Кутин, како и со претставници на Шаховската федерација на Македонија. Главна тема на разговорите биле активностите што се преземаат за што поуспешно организирање на Европскиот клупски куп (ЕКК), кој годинава треба да се одржи во Струга. .

 

gruevski-kutin


Од позначајните шаховски збиднувања, Скопје беше домаќин на досега организациски ненадминатата Шаховската олимпијада (ШО) во 1972 година, потоа меѓународните турнири „Средба на солидарноста“, во 60-тите години на минатиот век, како и на 2. Европско поединечно првенство, кое во одлична организација се одржа во Охрид во 2001 година, а на кое присуствуваше и самиот Кутин.

Сепак главен приоритет на ШФМ во моментов е деблокирањето на жиро-сметката која е блокирана од ноември 2008 година, поради заостанат долг кон Градскиот трговски центар во Скопје, за да може нормално да ги извршува сите потребни функции што и претстојат годинава.