drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Првенство на Македонија во шах за 2009 г. за девојчиња и момчиња до 8 години - Распис (Измена) PDF Печати
Четврток, 19 Март 2009 15:12



РАСПИС



1. Првенството ќе се одржи во Скопје, од 01 - 06 април  2009 година, во МКЦ (Младински културен центар), “Кеј 13 Ноември”, на првиот кат, во организација на Шаховската федерација на Македонија .

2. Техничката организација и извлекувањето натпреварувачки броеви ќе биде на 01 април (вторник), од 16,30-17,00 часот. Веднаш потоа се игра првото коло.

3. Право на учество имаат девојчиња и момчиња, родени 2001 година и помлади,државјани на Република Македонија. Како доказ за година на раѓање ќе послужи извод од книгата на родени или ученичка книшка со слика за учебната 2008/2009 година.


4. Првенството ќе се игра,во зависност од бројот на учесници, по Швајцарски  или по Бергеров систем, со темпо на игра 60 минути по играч, со додаток од 30 секунди за секој одигран потег, почнувајќи од првиот, до крајот на партијата.

5. Бројот на одиграни партии и времето на одигрување ќе бидат одредени исто така во зависност од бројот на учесници. Организаторот, по потреба, го задржува правото да одржи и две кола во еден ден.

6. Победнички пехар, медали и дипломи ќе бидат симболичен надоместок за вложениот труд.

7. Првенствата се играат според Правилата за игра на ФИДЕ.

8. Судија на Првенството ќе биде Сашо Лакински од Скопје.

9. Победниците се стекнуваат со право да ја претставуваат Македонија на Европското  и Светското првенство за млади во 2009 година.


Скопје, 19.03.2009

Шаховска федерација на Македонија

Кочовски Иван,стручен секретар