drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Записник од Седница на УО на ШФМ, одржана на 18 март 2009 PDF Печати
Петок, 20 Март 2009 15:14


ШАХОВСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Број 35-09/ март 19, 2009 година


З А П И С Н И К   бр.11

Од Седницата на Управниот одбор на ШФМ одржана на 18 март 2009 година, со почеток во 19,30 часот, во Домот на градежните работници во Скопје.


Присутни: П.Гичаровски, Б.Богоевски, М.Митков, О.Данчевски, В.Кизов, П.Петрушевски, Ѓ.Трајковски, Д.Бошковски и М.Треневски

Отсутни : нема


со следниот :

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

1.    Усвојување на Записникот бр.10

2.    Измени во составот на УО

3.    Подготовки за Годишното собрание на 28 март

4.    Проширување на Календарот за 2009 година

5.    Разно



Претседателот Петар Гичаровски го поздрави присуството на некогашни шахисти и љубители на древната игра, г-дата Петар Петрушевски, Ѓорѓи Трајковски, Дејан Бошковски и Марјан Треневски.


I


Записникот бр.10 од претходната седница  беше усвоен едногласно од петмината  членови на УО на ШФМ, присутни на седницата.

 

I I


Претседателот Петар Гичаровски соопшти дека заради пасивност ги разреши од функција досегашните членови на Управниот одбор Т.Стојаноски, А.Лазаревски и Р.Кутиров, а на нивно место и на едното испразнето место, како нови членови на Управниот одбор ги назначи:


  • Петар Петрушевски, директор на Маврово инжинеринг
  • Ѓорѓи Трајковски , директор на Прототип,друштво за производство и градежништво
  • Дејан Бошковски,директор на Ремонт на пруги, во Македонски железници и
  • Марјан Треневски,главен маш.инжинер по механизација во Ј.П.Македонијапат


По кратко запознавање со проблематиката по која ќе се расправа, беа активно вклучени во работата на Управниот одбор.

I I I


Подготовките за Годишното собрание на 28 март се во тек. И покрај актуелните тешкотии во кои се наоѓа Шаховската федерација на Македонија и време на локални и претседателски избори,Претседателот П.Гичаровски инсистираше да не се пролонгира неговото одржување.


IV

При неодамнешната средба на Претседателот на Европската шаховска федерација, Словенецот Борис Кутин и претставници од ШФМ, со Премиерот на Република Македонија, г-нот Никола Груевски, беше ветена безрезервна подршка од Владата на Република Македонија за организацијата на Купот на европските шампиони во Струга,од 10-18.10.2009 година. Наградниот фонд и банкарскиот депозит кон ECU (Европската шаховска федерација) директно ќе го покрие Владата на Република Македонија.


На истата средба Борис Кутин го искористи моментот за да предложи и издејствува и организација во Македонија на Светски шаховски камп за деца до 16 години.


Претседателот Гичаровски предложи Кампот да се одржи од 01-09 јули.Според неговите анализи, ќе и предложи на  ECU континентална застапеност : 20 претставници од Европа, 16 од Азија , 5 (пет) од Америка и 3 (три) од Африка. Како придружни лица предвидува да допатуваат 7(седум) лица. Агенцијата за млади и спорт ќе го плати престојот за нив (51 лице). Одобрени се околу 10.000 евра . ECU ќе ги покрие трошоците за хонорарите на предавачите од странство, познатите велемајстори Александар Бељавски и Адријан Михаљчишин. Домашна поткрепа ќе имаат во интернационалните мајстори Орце Данчевски и Марјан Митков. Бројот на квалитетни млади шахисти од Македонија кои ќе присуствуваат на Светскиот камп дополнително ќе го определи Комисијата за младински шах. Секако треба да има попуст за македонски млади шахисти кои самоиницијативно ќе сакаат да го посетуваат Кампот. Може да се очекува присуство и на млади шахисти од соседните земји кои сами ќе си го платат престојот.

П.Гичаровски,при посета на повеќе хотелски капацитети во Охрид и Струга, како најповолно решение за одржување на Светскиот камп го предложи објектот на Црвен крст, хотел Салферино во Струга. Истиот располага со две конференциски сали опремени со ЛЦД проектор и бежичен интернет. Има прекрасна летна тераса покрај езерото, приватна плажа и терен за спортски активности. Пансионот во двокреветна соба е 1200,00 денари. За еднокреветна доплата од 20%. Капацитетот на хотелот се состои од 15 трокреветни, 15 двокреветни соби и 3 (три) апартмани.

Понудениот хотел беше едногласно изгласан, со забелешка да се припази на капацитетот, ако интересот за Кампот биде над очекуваните бројки. Расписот ќе биде објавен на сајтот на ECU  и ФИДЕ(Светската шаховска федерација).

V


Треба да се користи и во иднина секоја шанса да се аплицира за организација на званични натпревари,особено Европско или Светско првенство за млади.Се проценува дека тие се добра шанса да се оствари и некој профит, што за нас би било многу важно, како најсиромашна шаховска федерација на Балканот.

Во изборна година во Европската шаховска федерација важен е секој глас,од секоја федерација. Најмногу контакти со шахисти и шаховски работници низ Европа и светот има велемајсторот Никола Митков. Самиот изрази спремност за извршување на функцијата - делегат од Македонија во ФИДЕ. Досегашниот наш преставник, Александар Сидоровски, ја подржа неговата кандидатура. Управниот одбор на ШФМ едногласно го изгласа велемајсторот Никола Митков за нов делегат од Македонија во ФИДЕ.

На средбата со Премирот,г-нот Никола Груевски, беше разговарано и за изградба на Шаховски дом во некој спортски објект. Објектот да не биде подалеку од 2 километра од центарот на Скопје, а повшината од 300 метри квадратни да биде опремена во строго шаховски амбиент. Просторот во државна сопственост ќе го користи само Шаховската федерација на Македонија. Како една можна локација е спомната изградба на спортски објект во дворот на ОУ„11 Октомври“.

Беше повторно спомната блокираната сметка на ШФМ. Новите членови на УО беа запознати за долговите кон ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија и Градски Трговски Центар А.Д.-Скопје, за некогашниот Шаховски дом во ГТЦ во Скопје.

Како продолжение на Купот на европските шампиони во Струга, Претседателот Гичаровски предложи организација на голем брзопотезен турнир во два дена. По негови пресметки наградниот фонд од 5.000 евра ќе биде покриен од уписнините и престојот на шахистите. Со 8 (осум) гласа за и 1(еден) против, беше изгласан цугерот.


Имаше оптимистички најави за настап на женската и машката репрезентација на Европското екипно првенство во Нови Сад, Србија, и реинкарнација на „ОПЕН СКОПЈЕ“.

Како последен рок за пријавување на екипите во Квалификациите за Екипно првенство на Македонија, беше определен 07 април 2009 година.



Седницата заврши околу 21,30 часот.



Скопје,19.03.2009 год.

Записничар,
Иван Кочовски (с.р.)