drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Квалификации за екипно првенство на Македонија во шах - Правилник PDF Печати
Четврток, 26 Март 2009 18:24


ПРАВИЛНИК


За Квалификациите за Екипното првенство на Македонија за 2009 година


1. Во квалификациите за Екипното првенство на Македонија за 2009 година имаат право да настапат  регистрирани екипи во ШФМ, кои ќе го пријават своето учество со составот на екипата, не подоцна од 07 април (вторник) 2009 година.

2. Се игра на 6 табли.Во екипите може да настапат само претходно пријавените шахисти. Истите не може да настапат за друг клуб во натпреварувачката 2009 година!

3. Се игра според Правилата на ФИДЕ. Темпо на игра е 90 минути за 40 потези плус 30 минути до крајот на партијата, со додаток од 30 секунди за секој потег, почнувајќи од првиот. Играчите се должни да ги пишуваат потезите до крајот на партијата.

4. Ќе се игра по Бергеров систем(секој со секого) по бод систем.
За победа во мечот (3,5:2,5; 4:2; 4,5:1,5; 5:1; 5,5:0,5 и 6:0) се добиваат 2 бода , а за нерешен резултат (3:3) се добива еден бод.

При ист број на бодови одлучува:

  • Вкупен број на освоени поени
  • Резултат од меѓусебна средба
  • Подобар успех на сите табли на целото натпреварување (1.табла се бодува со 6 поени, 2.табла со 5 поени, 3.табла со 4 поени, 4.табла со 3 поени, 5.табла со 2 поени и 6.табла со 1 поен)


5. Првите две екипи се стекнуваат со право на настап на Екипното првенство на Македонија за 2009 година.

6. Натпреварите започнуваат во 10 часот.Домаќинот е должен да обезбеди сала (со нормални услови за игра, шаховски фигури и дигитални шаховски часовници) и за тоа да го извести гостинот.

7. За секакви измени, со взаемна согласност, Ве молиме да ја известите Шаховската федерација на Македонија .

8. Забранета е употребата на мобилни телефони во салата за игра.

9. Секоја екипа си назначува капитен. За секој натпревар капитенот на екипата го предава составот на екипата. Во салата каде се игра се строго забранети разговори меѓу играчите и други лица. Дозволен е контакт само со капитенот, кога играчот сака да понуди реми или му нудат реми. Одговорот е само со „да“ или „не“.



Скопје, 26.03.2009

Шаховска федерација на Македонија

Кочовски Иван,стручен секретар
071/227382