drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Април 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30
todor-mitrov-logo
Годишно собрание на ШФМ - Записник PDF Печати
Среда, 08 Април 2009 14:11


З А П И С Н И К


Од седницата на Годишното собрание на Шаховската федерација на Македонија, одржана на ден 28.03.2009 година во Младинскиот културен центар во Скопје, со почеток во 11,30 часот

со следниот


Д Н Е В Е Н    Р Е Д

1.    Отворање на седницата

  • Избор на верификациона комисија(претседател и двајца членови)
  • Избор на работно претседателство
  • Избор на записничар и двајца оверувачи на записникот

2.    Усвојување на Деловник за работа на Собранието на ШФМ

  • Прилог: Предлог Деловник за работа на Собранието на ШФМ

3.    Извештај за работата на ШФМ во 2007 и 2008 година

  • Извештај на Претседателот на ШФМ за работата во 2007 и 2008 година
  • Прилог: Извештај на ШФМ за 2007 и 2008 година
  • Прилог: Финансиски извештаи за 2007 и 2008 година
  • Извештај на Надзорниот одбор за финансиското работење во 2007 и 2008 година

4.    Разно

Седницата ја отвори Претседателот на ШФМ,Петар Гичаровски во 11,30.Им се извини на присутните за доцнењето од објективни причини.Предложениот дневен ред беше едногласно усвоен. Беше одредена верификациона комисија во состав Иван Кочовски,Славе Трајкоски и Божидар Васовски. Верификационата комисија го утврди присуството на вкупно 13 (тринаесет) членови на Собранието, од кои 10(десет) претставници од клубовите :Лидија Софревска-Андонова (Алкалоид), Божидар Васовски (Тетекс),В ладимир Тркаљанов(ГШК Кочани), Орце Данчевски (Гамбит), Ристе Менкиноски (Стефо Балто), Горан Главинац ( Карпош), Славе Трајкоски (Прилеп), Сотир Петковски (БМ), Срѓан Христовски (Куманово), Драган Цветановски (Студент), два претставника на ШФМ (Марјан Митков и Благоја Богоевски), и Претседателот Петар Гичаровски. Претставниците на ШК Куманово и ШК Студент од Скопје немаа заверени полномоштва. Бидејќи се работи за клубови со долга традиција, Собранието изгласа да им се дозволи учеството во работата на Собранието.

Собранието го усвои Работното претседателство во состав Петар Гичаровски,Благоја Богоевски и Марјан Митков. За записничар беше одреден Иван Кочовски, а за оверувачи на Записникот Орце Данчевски и Горан Главинац. Со констатација дека на Собранието се присутни повеќе од половината негови членови,истото отпочна со работа.

II

По Предлог-Деловникот за работа за дискусија се јави делегатот на ШК Тетекс, Божидар Васовски.Предложи во член 1, како членови на Собранието да бидат предложени лица од УО или заслужни шаховски работници за следното собрание или тоа да биде подобро прецизирано. Во член 8, да има дополнување во случај никако да не може да се најде усогласување на ставовите при гласање. Во член 13 да се избрише вториот дел од членот кој се однесува на толкување на Деловникот (а во итни случаеви толкување ќе дава УО на ШФМ).

Претседателот Петар Гичаровски спомна дека доколку се предложат некои лица за членови на следното Собранието, нема гаранција дека истите ќе присуствуваат тогаш. Затоа се предлагаат на самата седница. За усогласување на ставовите искоментира дека мора да се изнајде решение без оглед на времетраењето.

Во дискусијата учествуваше и Славе Трајкоски од ШК Прилеп кој кажа дека споменатите членови, во таа форма, се вообичаени за сите деловници и не треба да се губи многу време.

Собранието одлучи да се допише во член 1,дека членови на Собранието може да бидат и други лица,предложени на самата седница.Другите членови во Предлог-Деловникот да останат исти.Во таква форма беше усвоен Деловникот за работа на Годишното собрание.

Долгогодишниот шаховски работник и поранешен шахист, Ванчо Георгиевски, даде забелешка дека скоро секогаш за членови на Собранието се бираат членови на УО на ШФМ. Потенцираше дека отсекогаш за шахот дискутирал и работел само во позитивна насока.


III

Зборувајќи во однос на работата на ШМ во изминатиот период,една година пред да дојде на функцијата Претседател на ШФМ,Петар Гичаровски помогна во 2006 година околу организацијата на Екипниот Куп на Македонија.Изрази задоволство од покажаниот квалитет на игра.Како поборник на партии кои се рејтингуваат сака да се задржи сегашната форма на ова натпреварување. Со мислење бил годинава победникот на Купот да има право да игра на Европскиот куп на клубовите во Струга, но постојат реални проблеми од техничка природа.


Бидејќи се почесто ги слуша коментарите дека Победникот на Купот не оди никаде, а самото натпреварување е дополнителен финансиски товар за екипите, предложи да бидат дадени сугестии како Купот на Македонија да биде поатрактивен за екипите.На пример со воведување награден фонд ,екипно или за поединечен учинок.Добро е клубовите да го искажат своето мислење преку меил или преку веб страната на ШФМ.

Зоран Илиќ предложи, заради финансиското оптоварување на клубовите,Купот на Македонија да се претвори во манифестација со брз и забрзан шах,која би траела два дена.

Ристе Менкиноски напомена дека поврзувања на Купот со Лигата не е во ред бидејќи едното натпреварување се игра на 4, а другото на 6 табли.Неспоиво е едно со друго.Немаме нормален шаховски живот 12 месеци во годината.Играње неколку турнири во забрзан шах го прави подинамичен.ШФМ треба во соработка со клубовите да се заложи за организирање турнири по забрзано темпо.
Божидар Васовски го истакна редовниот настап на ШК Тетекс на Купот на Македонија и беше да се задржи досегашната форма.
Славе Трајкоски даде забелешка дека треба прво да се чуе Извештајот во целост, па потоа да се расправа по него.

Петар Гичаровски одговори дека тоа бил неговиот стил на работа.Продолжи да ги реди настаните по хронологијата на играње со свои забелешки за истите.Сака витешка игра, не сака брзи ремиња. Зборуваше за Првенството на Скопје,пријателските мечеви со Црна Гора,од која бевме повеќепати поразени во овие две години. Со воведување квалификации за Екипниот шампионат минимално се зголеми учеството на екипите и порасна интересот. Искажа задоволство од пласманот на репрезентацијата на Македонија на Европското екипно првенство на Крит,17-тото место.Постоеја шанси и за многу висок пласман, но Пољаците во последното коло беа пресилен противник. Има се повеќе турнири за млади категории,застапени сме на Европски и светски првенства, но засега изостануваат подобри резултати на нашите претставници на истите.

Славе Трајкоски најдобронамерно повтори дека нема потреба да се прераскажува она што сите написмено го имаат, но се продолжи со работа во ист стил.

Горан Главинац се наврати на мечевите со Црна Гора.Негово мислење е дека требало да се одигра меч и меѓу женските репрезентации на двете пријателски земји. Во иста насока беа коментарите на Г.Коскоска.

Ристе Менкиноски не се сложи со коментарите за слабиот пласман на нашите млади шахисти.Нема право да се коментира, затоа што тие самите ги покриваат сите трошоци.ШФМ само ги пријавува.

Лидија Софревска-Андонова напомена дека нема потреба да се гаси Купот. На екипите е да одлучат дали ќе настапат, во каков состав, и дали ќе им дадат шанса за настап на помладите шахисти или шахистки.

Бидејќи се говореше дека се потребни и нови идеи,Горан Главинац го спомена Форумот од веб страната.Да се даваат и одговори на некои прашања, но само на конструктивни предлози.

Едногласно беше усвоен Извештајот за 2007 година.

Минатата година беше во знакот на стружани,истакна П.Гичаровски.Стефо Балто победи на Купот , а Ристе Менкиноски стана поединечен првак на Македонија. Во последното коло имаше неколку брзи ремиња на првите табли што е непопуларно за сите љубители на шахот. Тоа е проблем со кој се соочуваат организатори на турнири, Европската и Светската шаховска федерација. На Екипното првенство на Македонија,на големо изненадување, првото место го освои ШК Гамбит од Скопје. Тоа како да беше голема мотивација да најдат средства за учество на Купот на европските клубови во Калитеа, Грција. Годинава на истото натпреварување имаме три претставника. Ако е непарен број на учесници, како домаќини може да имаме уште еден претставник.

Шаховската Олимпијада во Дрезден  крена многу прашина во нашата јавност ,затоа што на истата не отпатува женската репрезентација на Македонија. Беа објаснети чекорите превземени во подготовките за учество. Назначување на селектор на женската репрезентација, Р.Менкиноски, уште на почетокот на пролетта, се со цел да се има повеќе време за успешни подготовки и успешен настап на женската репрезентација на Македонија на Олимпијадата во Дрезден. Но, непосредно пред заминување,едноставно некои спонзори што ветија помош, не го одржаа зборот.Изостана и навремена и адекватна подршка од Агенцијата за млади и спорт. Со оглед на средствата со кои се располага во тој момент и до кои се дојде со нанепопуларниот начин, личен кредит, беше одлучено да патува само подобрата по квалитет,машката репрезентација на Македонија.Како организатори на Купот на европските клубови, во Струга годинава, неопходно беше да се појавиме во Дрезден ,објасни П.Гичаровски. Претходно платени се само авионските карти. Последните 5 дена,со потпретседателот Б.Богоевски ја посетија Олимпијадата во Дрезден на свој трошок,плаќајќи ги хотелските и други трошоци.

Шансата за подобар пласман на машката репрезентација на Македонија е испуштена во мечот со Романија,каде доживеавме пораз, по брзото наше водство на 1 табла.Искажано е задоволство од ангажманот и сериозниот пристап на нашите репрезентативци.

Л.Софревска-Андонова напомена дека целта на дискусиите е да видиме што ќе правиме понатаму.Ние сме на едно многу ниско ниво.Обременети сме со големи долгови за некогашниот Шаховски дом во Скопје,4-5 милиони денари, на само 6(шест) месеци пред Купот на европските клубови, со блокирана жиро сметка.Што ќе биде со редовните натпревари,каде понатаму?Сите проблеми произлегуваат од недостиг на средства.

Претседателот П.Гичаровски ги објасни превземените чекори.Побарано е по намалување на долговите(ако може)  од околу 2,5 милиони, заедно со камати, и нивна поделба на 60 рати од ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ.Веќе се водени разговори во тој правец.Ветена е и помош од Агенцијата за млади и спорт во динамиката на исплатата на долгот.За другиот дел од долгот, околу 2,3 милиони основен долг без камата,со ГТЦ Скопје и во минатото се водени разговори.Директорот сака да помогне.Успех би бил да се намалат долговите и да се поделат на рати.


Беа испратени Барања за простување на долговите до званичните институции.Како точка на дневен ред од седница на Влада, разгледувањето е одложено за некоја од следните седници.

Заедно со претседателот на Европската шаховска федерација,Борис Кутин,претставниците на ШФМ П.Гичаровски и Б.Богоевски, имаа средба со Премиерот на Република Македонија, г-нот Никола Груевски, по повод организацијата на Купот на европските клубови во Струга, на почетокот од октомври годинава.Сите трошоци за Купот на европските клубови ќе ги покрие Владата на Република Македонија.Ветена е изградба на Шаховски дом од 300 метри квадратни,целиот во шаховски амбиент.Борис Кутин инсистирал за одржување летен Светски камп за деца.Истиот е одобрен , а Агенцијата за млади и спорт ќе го финансира.Требаше да се одржи минатата година, но Европската шаховска федерација киксираше во организацијата.Во моментов извршени се подготовките и пуштена е целосна понуда.Место на одржување ќе биде објектот на Црвениот крст,хотел„Салферино“ во Струга.Како тренери, се очекува да се постигне договор со велемајсторите Александар Бељавски и Адријан Михаљчишин.

Славе Трајкоски дискутираше по двата Извештаја.Напомена дека изостана анализа на состојбите во кои се наоѓа македонскиот шах и визија каде ќе одиме понатаму.Состојбите се лоши: мал број клубови,мал број шахисти и мал број млади шахисти.Единствена светла точка е само постапката на ШК Алкалоид со отворање на шаховски школи.Треба ШФМ да превземе активности во внатрешноста на Република Македонија.На почетокот од мандатот беше ветена заложба за развој на шаховските центри во Македонија.Ни треба поголема популаризација,немаме турнири.

Никој од шахистите не прекршил правило затоа што брзо ремизирал, истакна Ристе Менкиноски во однос на споменатиот Шампионат на Македонија.Девалвиран му е трудот и резултатот што го постигна. Изрази револт како селектор на женската репрезентација на Македонија и во име на репрезентативките. Беа свикани на состанок, превзедоа обврски и се подготвуваа 8 месеци. Имало уплатени карти, па потоа повлечени. Не биле информирани за неодењето на Олимпијадата во Дрезден.Постоела спремност да се игра и без хонорари.Не е во ред да се делат репрезентациите по квалитет. Требало да се најде начин да одат двете репрезентации, не се работи за големи пари.Условите под кои ќе настапуваат шахистите треба да се знаат многу порано, а да не биде одењето на женската репрезентација во зависност од хонорарите на машката репрезентација на Македонија.

Селекторот на машката репрезентација на Македонија,Атанас Кизов, напомена дека не е вистина дека е уценувано.Предложено од наша страна е ако треба да не се оди , ако нема пари.Обвинувањата кон нас во медиумите влијаеја и на играта.Не се работи само за екскурзија до Дрезден.
Ристе Менкиноски повтори дека се работи за мали пари.Не е до екскурзија, се работи за претставници од Македонија.Некоректно е да се соопшти одлуката непосредно пред Олимпијадата.Претседателот и УО сносат вина и должат објаснување.

Не сака да размислува како аматер, кажа Атанас Кизов.Не е побарано ништо, освен поранешните обврски да бидат подмирени.

Драгољуб Јаќимовиќ смета дека некоректно е да не оди женската репрезентација бидејќи не одсуствувала досега од Олимпијадите.Требало ако треба и да се дозадолжи.Треба да се бараат и други извори на финансирање освен Агенцијата за млади и спорт.

Се согласува со претходните дискутанти Владимир Тркаљанов за стагнацијата на шахот во Македонија.Има мал број клубови, малку шаховски работници.Најавуваме светла иднина,Шаховски дом, а немаме шаховска база. Шахот во Македонија е сведен на мала група на луѓе. Кочани нема изостанок од лигата.Имавме неколку викенди по забрзано темпо, а ако имаме подршка ќе организираме и класични турнири.

Звонко Станојоски посочи дека од Извештаите се гледа дека има турнири за млади, но нема турнири за сениори.Како ќе играат шах се повеќе млади кога не гледаат перспектива. Голема кампања во Европа и соседството има за воведувањето шах во школи.
Во соседството се играат и многу турнири.Побара и одговор по неговото барање за спортист од светска категорија за резултатот постигнат на Олимпијадата во Торино.

Марјан Митков напомена дека се превземени чекори за воведување на шахот во школи.Поднесен е проект до Министерството за образование.Потребно е некој да ја изфинансира Програмата.Министерството не предвидело средства.Финансирање во овој момент е можно само од невладини организации, а Благоја Богоевски се приклучи кон дискусијата, споменувајќи ја можноста  за воведувањето на шахот во основните училишта како факултативен предмет.


Во однос на Олимпијадата во Дрезден, Горан Главинац спомена дека требало да одат двете репрезентации или ниедна.Подобро е да се покаже дека состојбата е лоша.Патот за подобро е во масовноста.Нека се изготви студија.Шахот е корисен за многу патеки во животот.
Г.Коскоска смета дека треба да има извештаи и од комисиите за нивната работа.Праша зошто оделе двајца претставници на ШФМ на Олимпијадата  ако немало пари, зошто не одел еден?
Повторно беше кажано дека посетата на финишот на Олимпијадата е остварена исклучиво со сопствени средства.
Извештајот за 2008 беше изгласан со еден воздржан глас.

IV

Гоце Илковски го истакна игнорантскиот однос на ШФМ кон проблемскиот шах.Единствено излегува билтен „Средба на солидарноста“ за проблемски шах.Несфатливо е да не се наградуваат резултатите.

Петар Гичаровски истакна дека е плаќано печатењето на споменатиот билтен  „Средба на солидарноста“ и плаќани се поштенски трошоци.

Љубомир Анастасов даде некои појаснувања за проблемскиот шах.Проблемските натпревари траат многу долго.Се објавуваат најдобрите проблеми во рок од три години, а уште толку треба да се опубликуваат резултатите.Сега условите за проблемски шах се ограничени. Нема млади проблемисти. Со појава на компјутерите во проблемскиот шах само се доби на квалитет.Компутерот само решава, не компонира.

Атанас Кизов истакна дека на Собранието претежно се зборува за шахот за млади, нема никакви разговори за шаховските професионалци.

Лидија Софревска-Андонова спомена дека во 2007 имаше бесплатни авионски карти од МАТ.Кој и колку карти искористил од професионалците не е информирана.
Петар Гичаровски кажа дека МАТ  го откажал спонзорството во почетокот на 2008 година.

Квалификациите за Екипното првенство на Македонија, Горан Главинац мисли дека не се потребни.Се крати можноста на играчите од помалите клубови за одигрување партии кои ќе се рејтингуваат. Точниот број на екипи , системот по кој ќе се игра и времетраењето на Екипното првенство беа факторите кои придонесоа за воведување квалификации, беше одговорот на некои од делегатите.

Бидејќи Шаховската федерација на Македонија е сервис на клубовите, логично би било и тие да се офајдат од организацијата на Купот на европските клубови во Струга, истакна Зоран Илиќ.Значајна подршка за клубовите би биле шаховски гарнитури и часовници.



Годишното собрание заврши со работа во 14,40 часот.