drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Април 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30
todor-mitrov-logo
Куп на Македонија во шах - Распис PDF Печати

РАСПИС

Екипен Куп на Шаховската Федерација на Македонија за 2009

 

1.Купот на ШФМ за 2009 година ќе се одржи од 13-17 мај во хотел „Салферино“ (Црвен Крст на град Скопје) во Струга.

2.Пријавувањето на составите и техничката конференција ќе биде на 13 мај(среда) во 11,00 часот.

3.Купот на ШФМ е од отворен карактер.Право на учество имаат клубови регистрирани при ШФМ и екипи од здруженија на граѓани (претпријатија,АД,училишта,факултети,АРМ итн.)

4.Цени за престој

  • Пансион во трокреветна соба        1.080,00 денари
  • Пансион во двокреветна соба        1.200,00 денари
  • Пансион во еднокреветна соба      1.440,00 денари (доплата од 20%)


Црвен Крст на град Скопје
Жиро сметка : 370011100019943
Депонент : Еуростандард Банка-Скопје

5.Уписнината изнесува 1.000,00 денари по екипа, која треба да се уплати пред почетокот на натпреварите, во готово или на жиро сметка :

Шаховска школа „Козле 73“-Скопје
Жиро сметка : 200001900882026
Депонент: Стопанска банка АД-Скопје

6.Екипите за Купот на ШФМ се составени од 4(четири) играчи и две резерви.Во екипите можат да бидат пријавени и шахисти од странство, со право на настап од најмногу двајца по меч.

7.Системот на натпревари (по Швајцарски или Бергеров систем) се одредува во зависност од бројот на пријавените екипи.

8.Се игра по бод систем.За победа во мечот (4:0; 3,5:0,5; 3:1 и 2,5:1,5) се добиваат два бода, а за нерешен резултат(2:2) еден бод.

9.Темпо на игра: 90 минути за 40 потези плус 30 минути до крајот на партијата, со додаток од 30 секунди за секој потег, почнувајќи од првиот.

10.Партиите се играат секој ден од 16,00 часот, освен последното коло со почеток во 09,30 часот.

11.Купот на ШФМ ќе се рејтингува во ФИДЕ.

12.Победникот добива победнички трофеј и е победник на Купот на ШФМ за 2009 година.




Скопје, 28.04.2009 година

Шаховска федерација на Македонија
Иван Кочовски,стручен секретар