drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Првенство на Македонија за млади - Распис PDF Печати

ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА за млади за 2009 година
за девојчиња и момчиња до 10,12,14,16 и 18 години

РАСПИС

1.    Првенствата ќе се одржат во Струга, од 17-23.06.2009 година, во хотел „Дрим“, во организација на Шаховската федерација на Македонија

2.    Техничката организација и и извлекувањето натпреварувачки броеви ќе биде на 17 јуни(среда), во 12 часот. Првото коло почнува во 16 часот.

3.    Право на учество имаат девојчиња и момчиња, кои со годината на раѓање одговараат на својата група и помлади, државјани на Република Македонија.Како доказ за година на раѓање ќе послужи лична карта, ученичка книшка со слика за учебната 2008/2009 година или извод од книгата на родени.

4.    Првенствата ќе се играат во зависност од бројот на учесници, по Швајцарски или по Бергеров систем.

5.    Бројот на одиграни партии и времето на одигрување ќе бидат одредени исто така во зависност од бројот на учесници по категории.Организаторот, по потреба, го задржува правото да одржи и две кола во еден ден.

6.    Првенствата се играат според Правилата за игра на ФИДЕ.

7.    Темпо на игра е 90 минути за 40 потези и 30 минути до крајот на партијата, по играч,  со додаток од 30 секунди за секој потег, почнувајќи од првиот.

8.    Цена на пансион во хотел „Дрим“,во двокреветна соба по лице на ден, изнесува 1650,00 денари.Цена на пансион во хотел „Београд“,во двокреветна соба по лице на ден, изнесува 1450,00 денари.За еднокреветна соба се доплаќа + 30 %.

Во цената е вклучено ДДВ(18%),туристичка такса и осигурување.

Корисникот на услугата се обврзува плаќањето да го изврши пред почетокот на натпреварите, на лице место во готово или на фактура.

Инекс Дрим АД, жиро сметка : 210040717190136
Депонент: НЛБ Тутунска банка АД-Скопје

9.    Сите лица кои не се сместени во хотел „Дрим“ или хотел „Београд“, а играат на Првенствата на Македонија за млади, ќе треба да платат дополнителни 1.000,00 денари заради условите и салата за игра кои останатите шахисти ја плаќаат преку пансионот.

10.    Победнички трофеи и дипломи ќе им бидат поделени на најуспешните.

11.    Победниците по категории се стекнуваат со право да ја претставуваат Македонија на Европското и Светското првенство за млади во 2009 година.

Скопје,21.05.2009 година
Шаховска федерација на Македонија
Кочовски Иван,стручен секретар