drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Chess.com.mk се враќа! PDF Печати
Вторник, 29 Септември 2009 13:05

ristemПосле подолг период се враќа старото име на Македонскиот шаховски веб - портал: chess.com.mk.

Идејата за изработка на chess.com.mk дојде пред околу 5 години, а една година подоцна сајтот беше изработен и пуштен во работа како официјален сајт на Шаховскиот клуб „Стефо Балто“ од Струга. . Бидејќи во моментот не постоеше ни еден друг шаховски веб-сајт во Македонија, решив да му дадам универзално шаховско име кое нема да биде карактеристично само за клубот, и во рамките на сајтот да влезат и сите шаховски случувања од земјава.

chesscom1

После почетната верзија која и не задоволуваше некакви поголеми стандарди, chess.com.mk претпрпе неколку промени и подобрувања во текот на времето. Како самостоен сајт, финансиран со сопствени средства и работен со огромен ентузијазам, втората верзија на сајтот доби и одлични критики од дневниот весник „Време“, кој редовно вршеше промоција на најдобрите македонски сајтови.

chesscom2

Подоцна, Шаховската федерација на Македонија финансиски го помогна работењето на сајтот кој стана и официјален сајт на истата. Во меѓувреме, поради проблеми со еден од нашите сервери, сајтот згасна и беше заменет со maksah.org. Беа за жал загубени драгоцени информации и многу труд на авторот како и на нашиот спортски новинар Гоце Илковски, кој секојдневно објавуваше свои материјали кои ги читаа нашите шахисти.

Сајтот повторно е активиран деновиве. За жал, во моментов не сум повеќе во можност да работам на истиот па ова е и последниот текст кој го пишувам. Сајтот го препуштам во рацете на Дејан Динев, кој ја презема обврската да ја информира домашната јавност за сите шаховски случувања. Му посакувам успех и пријатни моменти, затоа што е вистинско задоволство да се работи на шаховски веб-сајт.

Би сакал и да им се заблагодарам на Гоце Илковски и Иван Кочовски за соработката и ентузијазмот кој го покажаа во изминативе години.

Со почит,

Ристе Менкиноски