drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Април 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30
todor-mitrov-logo
Викенд турнир на ШК „Карпош“ – Скопје 2009 PDF Печати
rudialibegov Во организација на шаховскиот клуб ,,Карпош‘‘ на ден 23-ти Октомври (петок) и 24-ти Октомври (Сабота), во просториите на шаховскиот клуб ,,Карпош‘‘(ул. Иван Аговски бб – Скопје, наспроти Полициската Станица во Карпош I) ќе се одржи четвртиот по ред Меморијален шаховски турнир „Руди Алибегов“. .
 
Меморијален турнир „Руди Алибегов“ 2009 -РАСПИС 

 

1.   Во организација на шаховскиот клуб „Карпош“ на ден 23-ти Октомври (Петок) и 24-ти Октомври (Сабота), во просториите на  шаховскиот клуб „Карпош“ (ул. Иван Аговски бб – Скопје, наспроти Полициската Станица во Карпош I) ќе се одржи четвртиот по ред Меморијален шаховски турнир „Руди Алибегов“.

 2.      Пријавувањето на учесниците и одредувањето на натпреварувачките броеви ќе се изврши на 23.10.2009 (Петок) со почеток во 11.00 часот, по што следува техничката конференција и свеченото отворање на турнирот, кои се планирани за 11.30 часот. Првото коло ќе започне точно во 12.00 часот.

 3.      Турнирот е од отворен карактер, т.е. право на учество имаат сите шахисти без оглед на титула и рејтинг и истиот ќе се игра според правилата  на ФИДЕ за забрзан шах.

 4.      Темпо на игра е 15 минути по играч за целата партија со додаток од 5 секунди за секој одигран потег, почнувајќи од првиот.

 5.      Уписнината за учество на турнирот изнесува 200,00 денари, за сите играчи без исклучок.

 6.      Секој учесник на турнирот е должен да носи исправен дигитален шаховски часовник.

 7.      Форматот на турнирот се состои од 2 дела. Првиот дел ќе се оддржи првиот ден (23.10. – Петок) во форма на Швајцарски систем од 7 кола, а вториот ден (24.10. – Сабота), ќе се одигра доигрување (play – off) по куп – систем на најдобрите 8 – мина пласирани од Швајцарецот (за ова поопширно во додатокот на Расписот). 

 8.      Награден фонд: 21.000,00 денари.

Главни награди(во денари):

   I (прва) награда …...................................................................................5.000,00

    II(втора) награда …..................................................................................4.000,00

   III (трета) награда …................................................................................3.000,00

   IV (четврта) награда …............................................................................2.500,00

   V(петта) награда …...................................................................................2.000,00

   VI (шеста) награда …................................................................................1.500,00

   VII(седма) награда ….................................................................................1.200,00

 VIII (осма) награда …......................................................................................800,00

Дополнителни награди:

За најдобар играч со рејтинг во интервалот (2000 – 2200)......................500,00

За најдобар играч со рејтинг под 2000.........................................................500,00

 НАПОМЕНА: Секој играч може да освои само една награда. Дополнителните награди се доделуваат само на играчи кои не успеале да влезат во play – off, по горенаведениот редослед.

 9.      Ѕвонење на мобилен телефон ќе се казни со контумација

 10.  Бројот на учесниците е ограничен. Дополнителни информации за турнирот и евентуална резервација може да се изврши на телефон: 075 / 426 – 723 (Горан); 077 / 650 – 954 (Вахид)

 Оваа година за разлика од претходните, Меморијалниот Турнир „Руди Алибегов“ ќе се игра во дводелен формат, распределен во 2 дена според следната динамика:

 I дел – Швајцарец:

 1.      Првиот дел од Меморијалниот турнир ќе се оддржи на 23.10.2009 (Петок) со почеток од 11 часот.

 2.      Право на учество ќе имаат сите пријавени шахисти без исклучок.

 3.      Првиот дел од Меморијалот ќе се игра по Швајцарски систем – ФИДЕ варијанта од 7 кола, според правилата  на ФИДЕ за забрзан шах. Парувањето ќе се врши компјутерски, а играчите ќе се рангираат според Септемвриската листа на ФИДЕ. Сите 7 кола се играат истиот ден.ЗАБЕЛЕШКА: Помеѓу 4-тото и 5-тото коло ќе има пауза за ручек

 4.      Темпо на игра е 15 минути по играч за целата партија со додаток од 5 секунди за секој одигран потег, почнувајќи од првиот.

5.      Осуммината најдобро пласирани играчи од Швајцарецот обезбедуваат пласман во доигрувањето (play – off), каде ќе се борат за 8-те главни награди. Дополнителните награди ќе се доделат исклучиво на играчи кои не успеале да влезат во доигрувањето, и истите ќе бидат поделени веднаш по завршувањето на првиот дел од турнирот. Сите награди (главни и дополнителни) се неделиви!

6.      Во случај на делба на место при еднаков број поени, одлучуваат следните критериуми:

         I.      Прогрес                                     IV. Meѓусебен дуел

        II.      Среден бухолц                          V. Поголем број на победи

       III.      Бухолц                                        

II дел – доигрување по куп - систем:

7.      Вториот дел од Меморијалот ќе се оддржи на 24.10.2009 (Сабота) со почеток од 12 часот.

8.      Право на учество ќе имаат само 8-мината најдобро пласирани од првиот дел (Швајцарецот).

9.      Вториот дел од турнирот ќе се одигра по класичен куп – систем опишан во следната точка, согласно Правилата на ФИДЕ за забрзан шах. Исклучок ќе биде само дополнителната партија, каде ќе важат Правилата на ФИДЕ за брзопотезен шах.

10.        Во четвртфиналето ќе се сретнат: I – VIII, II – VII, III – VI и IV – V, каде со римски броеви е означен пласманот на шахистите по завршувањето на Швајцарецот. Во секој од 4-те дуели ќе се одиграат по 2 партии (секој играч ќе одигра по една партија како бели и една како црни), на темпо 15 минути со 5 секунди додавање за потег. Во случај дуелот да заврши нерешено (1:1), ќе се одигра една дополнителна партија на темпо 11 минути за играчот со бели и 9 минути за играчот со црни фигури – без никакво додавање. Во случај  дополнителната партија да заврши реми, како победник ќе се смета играчот кој во истата ги имал црните фигури. Победникот во дополнителната партија оди во следниот круг (полуфиналето).

НАПОМЕНА: Бојата на фигурите во дополнителната партија своеволно ја бира играчот кој по завршувањето на „Швајцарецот“ имал повисок пласман (т.н. повисока „старт – позиција“).

11.  Победниците од 4-те дуели продолжуваат во полуфиналето, додека поразените доигруваат во борбата од 5 – 8 место. Понатаму се се одвива аналогно на погоре кажаното.

   12.   Победникот на Меморијалот „Руди Алибегов 2009“ ќе добие пехар во трајна  сопственост.

Скопје, 13.10.2009 г.                                      Шаховски Клуб „Карпош“ – Скопје