drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Април 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30
todor-mitrov-logo
IN MEMORIAM PDF Печати
Недела, 18 Октомври 2009 13:51
milanstojkovic smallПред неколку дена ненадејно почина нашиот шаховски колега Милан Стојковиќ (Нишки).Ќе го памтиме како ведар дух и другар.Моменталниот ело рејтинг на денот на смртта му беше 2083.Последна промена на Фиде рејтинг листата му е во јули 2006 со една изиграна партија.Оттогаш не е активен на рејтинг турнири.
.  
Беше машински инжењер, по потекло по мајка хрват, татко србин.Генерација е некаде на Миле Трајковски и Душан Давчевски.Стојковиќ живееше сам во својот стан во Кисела вода во Скопје.Беше разведен со син кој живее со мајката и со кој многу го болеше тоа што немаат хармонични односи и почитување.

Случајно задругарував со него во оваа последна година од неговиот живот.Му требаше некој Fritz , книги, а и помош околу компјутерот.До сабајлиња седев во неговиот стан а тој обожуваше да анализира партии од стари мајстори и да ги побива нивните коментари.Знаеше многу настани од историјата на македонскиот шах и штета што тие работи ќе останат незапишани некаде за една македонска шаховска могографија.Патувал на турнири по Италија и добро го владееше италијанскиот.

Многу го сакаше животот .Еднаш некаде фебруари се загриживме за него затоа што не се јавуваше ни на мобилен ни на Skype,(меѓу другите и ГМ Јачимовиќ).После некако се јави.Му реков ,,ух,фала богу жив си‘‘.Ми рече ,,Не се секирај не умирам зашто во рајот нема шах‘‘.

Може многу да се збори за Нишки.Беше другар со симпатичен тон на смеење.Последно го видовме на последниот викенд турнир во септември 2009  во Домот на градежните.Седевме пред Домот.Беше и мајстор Весе.Си правеа шегаџиски муабет...

Бог да го прости и да се помолиме за неговата душа.

Последниот ден од неговиот живот во прединфарктна состојба отишол да побара помош во државна болница.Во такви ситуации  под итно треба да се направи ЕКГ и да се стави на операциона маса за вградување на ,,стен‘‘.Докторот на смена не го сватил сериозно и му рекол дека нема кревет.Потоа тој се јавил до кај нашиот колега шахист и доктор(од кого и ја добив оваа информација), за да бара и моли од него врски за да го задржат во болница.Кога нашиот колега дошол да му помогне со интервенција(врска) овој веќе бил починат.No comment.