drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Април 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30
todor-mitrov-logo
Гамбит Асеко на Европскиот куп на клубови PDF Печати
Понеделник, 18 Октомври 2010 21:15

dancevskiШаховскиот клуб Гамбит Асеко е единствен наш претставник на годинешниот Европски куп на клубови кој се одржува во Пловдив, Бугарија. Во отсуство на Алкалоид, 25-то рангираниот Гамбит Асеко ќе се обиде да ја претстави Македонија што е можно подобро. .

Веќе се одиграни 2 круга од ЕКК. Во првото коло, нашите претставници играа со првиот фаворит за титулата Сокар од Азербејџан, и беа поразени со 5.5 - 0.5. Резултатот очекуван, а големо реми одигра ИМ Марјан Митков против Мамеѓаров, еден од најдобрите светски шахисти во моментов кој минатата година ги бранеше боите на Алкалоид.

Денес, Гамбит се врати во игра со победа против холандскиот ЛСГ, 28-мо рангиран на турнирот. Победи забележаа Чаталбашев и Митков на првите две табли, против Де Јонг и Ван Дер Верф. Следеа три реми на Данчевски, Стојчевски и Кизов против Виерсма, Ван Хастед и Босман, а загуби Органџиев од Ван Кетел.

Утре Гамбит Асеко се среќава со Босанскиот Гласинац. Резултатите можете да ги следите на серверот за шаховски резултати chess-results.com и на официјалниот сајт http://ecc2010.chessdom.com.