drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Македонија се вклучува во активностите на БШФ PDF Печати
Среда, 01 Декември 2010 19:27
sfmШаховската федерација на Македонија зеде учество на редовниот состанок на Балканската шаховска федерација, заедно со претставниците на Грција, Романија, Бугарија, Црна Гора и домаќинот Србија. Состанокот се одржа во Обреновац каде што моментално се одржува и меѓународниот отворен турнир „Трофеј на Белград“. .

Прва тема на состанокот беше финалниот турнир од серијата „Балкан Гран-при“ кој според зборовите на г-дин Драган Котевски, извршниот директор на Шаховскиот сојуз на Белград, ќе започне на 9 или 11 декември, во зависност од тоа каде ќе се одржи.

bfs

Шаховските федерации на Македонија и Грција најавија свое вклучување во серијата турнири за 2011 година. Јуниорската балканијада за 2011 ќе се одржи во Србија од 1-5 мај а пропозициите ќе бидат соопштени до 20 декември оваа година.

Со оглед на тоа дека на досегашниот претседател, г-дин Стефан Сергиев од Бугарија му истече мандатот, делегатите одбраа нов претседател а тоа е г-дин Срѓа Драгашевиќ, актуелен претседател на Шаховската федерација на Црна Гора. Секретар на Балканската федерација ќе биде секретарот на ШФЦГ, што ќе биде пракса и понатаму, секретарот и претседателот да доаѓаат од истата федерација.Досегашниот претседател Стефан Сергиев е избран за почесен претседател на Балканската Шаховска Федерација, како благодарност за неговиот придонес во јакнењето на федерацијата по долгите години на пасивност на истата.