drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Лидија Софревска Андонова е нов Претседател на ШФМ PDF Печати
Понеделник, 06 Декември 2010 11:50
sfmНа седницата на собранието на Шаховската федерација на Македонија, одржано на 5 декември, со едногласна поддршка на сите присутни делегати за нов претседател е избрана Лидија Софревска Андонова од шаховскиот клуб „Алкалоид“ - Скопје. .


lidijasofrevskaandonova
Предлог - програма за работа на ШФМ:

Основна цел на работата на ШФМ во наредниот период е да се фокусира на популаризација на шахот во насока на создавање позитивно јавно мислење за шахот како интелектуална, ценета активност, квалитетно дополнување на процесот на едукација на младите. Воедно, шахот е спорт кој во Македонија постигнувала и може и во иднина да постигнува резултати од светски ранг.

1. Развој на јуниорскиот шах како најприоритетна активност.
2. Организација на квалитетни шаховски натпревари, враќање на рангот на државниот шампионат и организирање квалитетен меѓународен турнир.
3. Поддршка за активирање на шаховските клубови по градовите - тие се основни носители на масовноста и шаховскиот живот.
4. Активности за повторно обезбедување простор за Шаховски Дом во Скопје.

Во продолжение, следи листата на членови на органите на ШФМ:

Управен одбор:
1.    Лидија Софревска Андонова    Претседател    Алкалоид АД - Скопје
2.    Сеад Кочан                                     Член                   Претседател на Градежна Комора при Сојуз на Стопански Комори
3.    Благоја Богоевски                          Член    Скопје
4.    Сотир Петковски                           Член    Скопје
5.    Трајко Недев                                    Член    Велемајстор - Неготино
6.    Дејан Ѓорѓески                                Член    Директор на ПИОМ за град - Скопје
7.    Драги Семенпеев                           Член    Софија - Богданци
8.    Зоран Стојкоски                             Член    Интеграл - Тетово
9.    Зоран Стојчевски                            Член    Асеко - Скопје


Надзорен одбор:
1.    Филип Милошевски    Претседател   
2.    Славе Трајкоски            Член   
3.    Љубомир Илиќ             Член