drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Чоловиќ триумфираше вчера, Стојановски севкупно PDF Печати
Понеделник, 27 Декември 2010 11:35

colocic_smallАлександар Чоловиќ е победник на вчерашниот четврти и последен за 2010 брзопотезен турнир на Алкалоид, додека Дејан Стојановски е вкупен победник на четирите брзопотезни турнири кои Алкалоид ги организираше оваа година. . Ова е епилогот после вчерашниот силен и масовен турнир на кој учествуваа 48 шахисти од државава.

 

stojanovski-dimovski
Пехарот на Дејан Стојановски му го предаде Никола Димовски

Чоловиќ стигна до триумфот со 9 поени од 11 партии, а поен зад него заостана Стојановски на кој второто место на турнирот му беше доволно за севкупен триумф. Награди освоија уште и Органџиев, Станојоски, Панчевски и Менкиноски.

Пригодни награди од организаторот Алкалоид добија и најдобриот јуниор Кренар Таири, најдобрата дама Моника Стојковска и најдобриот ветеран Илија Стошевски.

Турнирот го затвори Никола Димовски кој најави дека Алкалоид и следната година ќе организира серија на турнири по забрзано темпо. Судии на турнирот беа Вахид Исмаили и Сашко Лакински а уште еднаш библиотеката „Страшо Пинџур“ во зградата на ЗОИЛ се покажа како одличен домаќин.

Целосната табела можете да ја преземете овде.