drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Заврши екипниот куп, пехарот за „Алкалоид - тренери“ PDF Печати
Недела, 13 Март 2011 23:47

sfmЗаврши екипниот куп на ШФМ а пехарот му припадна на првиот фаворит, екипата „Алкалоид - тренери“. Второто место го освоија шахистите на Гамбит Асеко-Сее, а третото и припадна на екипата Бизнис Милениум. .

Ова е епилогот на Купот на ШФМ за 2011 година кој ќе биде запаметен по неколку работи. Најпрво, ова беше најмасовнииот Куп во изминативе години. Учество зедоа 17 екипи, односно 80 шахисти кои придонесоа за вистинска шаховска атмосфера во хотелот Континентал во Скопје.

kup_sfm_01
Членовите на победничката екипа: Влатко Богдановски, Дејан Стојановски, Драгољуб Јаќимовиќ, Трајче Недев (недостасува Филип Панчевски) со Претседателот на ШФМ Лидија Софревска

Понатаму, за прв пат после подолго време на Купот на ШФМ зеде учество една женска екипа, која си ги одмери силите на машкиот турнир. Дамите се пласираа на 10-то место, откако во неделата не успеаја да ги повторат одличните игри од првите четири кола.

kup_sfm_05
Екипата „Каиса“: Катерина Јоноска, Габриела Коскоска, Моника Стојковска, Весна Секуловска и Бојана Бејатовиќ.

Но она што најмногу радува е учеството на три јуниорски екипи, од кои резултатски се издвои најискусната екипа: јуниорите на Алкалоид забележаа 3 победи, 2 нерешени и само 2 порази, собраа 8 бода и се пласираа на 8-то место. За одбележување е и резултатот на 10-годишниот Тони Лазов кој освои 4 поени од 6 партии. Можеме да бидеме задоволни што повеќегодишната работа во шаховските школи почнува да дава резултати.

kup_sfm_24
Алкалоид јуниори 1 (од десно на лево): Кренар Таири, Тони Лазов, Мартин Николовски, Доне Ѓеорѓиевски (недостасува Александар Константинов).

Конечната табела, како и други статистички податоци за екипите и играчите кои настапија, можете да погледнете овде.

Повеќе фотографии од настанот можете да погледнете овде.