drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Април 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30
todor-mitrov-logo
Менкиноски е победник на Пролетниот ОПЕН PDF Печати
Понеделник, 28 Март 2011 12:18

sfmРисте Менкиноски е победник на Пролетниот отворен турнир кој се одржа во Скопје од 19-27 март. Струшкиот Фиде мајстор имаше скор од 7 победи и 2 порази. Второто место му припадна на ИМ Марјан Митков кој освои 7 поени но имаше послаб Бухолц, а половина поен зад нив се пласираше Роберт Велески. . Тројцата најдобри изборија пласман на Првенството на Македонија кое ќе се одржи во мај, а на кое ќе настапат 10 шахисти.

Турнирот се одржа во просториите на ШК „Гамбит Асеко-Сее“, во организација на Шаховската федерација на Македонија. Учествуваа 46 шахисти а турнирот измина во убава атмосфера со многу борби на шаховските табли. Наградниот фонд изнесуваше 70 000 денари.

Конечната табела како и останатите статистички податоци за турнирот можете да ги погледнете овде.

Партиите во PGN формат можете да ги преземете овде.

Видео од турнирот: