drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Првенство на Македонија во шах за 2011 - најава PDF Печати
Среда, 30 Март 2011 13:07

sfmДесет шахисти изборија пласман на Првенството на Македонија, кое ќе се одржи од 10-22 мај во хотелот Континентал во Скопје во организација на Шаховската федерација на Македонија. Првенството ќе се игра по Бергеров систем (секој со секого) и ќе го даде шампионот на Македонија за 2011 година. .

Право на учество изборија следните шахисти:

1. ИМ Филип Панчевски, 2395, шампион на Македонија за 2010 година
2. ВМ Владимир Георгиев, 2576, пласиран според рејтинг
3. ВМ Никола Митков, 2529, пласиран според рејтинг
4. ВМ Звонко Станојоски, 2480, пласиран според рејтинг
5. ВМ Трајче Недев, 2479, пласиран според рејтинг
6. ИМ Александар Чоловиќ, пласиран според рејтинг
7. ФМ Ристе Менкиноски, 2298, I место на Пролетен отворен турнир
8. ИМ Марјан Митков, 2401, II место на Пролетен отворен турнир
9. Роберт Велески, 2234, III место на Пролетен отворен турнир
10. Игор Петровски, 2177, млад шахист делегиран од УО

Учесниците кои изборија пласман треба да го потврдат своето учество најдоцна до 10 април, во спротивно се смета дека немаат намера да учествуваат на шампионатот. Резервите се одредуваат на следниот начин:

1.  Во случај на отказ на победникот од претходното првенство, пополнувањето се врши по понатамошниот редослед,доколку играчите имаат освоено повеќе од 50% поени.
2.  Ако има откази на играчи од рејтинг листата (јануари 2011 година), пополнувањето се врши по понатамошниот редослед , заклучно со 10-то рангираниот играч по рејтинг.
3.  За откази од Отворениот пролетен турнир, пополнувањето се врши по понатамошниот редослед.Ако се исцрпени резервите од претходното првенство и рејтинг листата (заради наведените ограничувања), дополнувањето се врши по редоследот од Отворениот пролетен турнир.

Редоследот на критериумите ќе се применува како се набројани. Натпреварувач кој ќе стекне право на  учество по еден основ, не може да се третира како квалификуван или резерва по друг основ.

За учесниците кои не се од Скопје, организаторот обезбедува полн пансион во хотелот Континентал. Наградниот фонд изнесува 270 000 денари и е поделен на следниве награди:

I место: 90 000 денари
II место 70 000 денари
III место 50 000 денари
IV место 35 000 денари
V место 25 000 денари

Играчите пласирани од VI до X место добиваат по 3000 денари од победа.

Најдобрите тројца ќе изборат пласман на Првенството на Македонија за 2012 година.