drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Роберт Маркуш победник на „ОПЕН Карпош“ PDF Печати
Сабота, 09 Април 2011 20:33

gambitlogoСрпскиот велемајстор Роберт Маркуш е победник на меѓународниот „ОПЕН Карпош“ кој од 02 до 09 април се одржа во Скопје. Првиот фаворит на турнирот освои 6.5 поени, исто како и 6 други шахисти, но имаше најдобар Бухолц и ја освои првата награда и победничкиот пехар. . Следеа велемајсторите Бранко Дамљановиќ (Србија), Петар Дренчев (Бугарија), Синиша Дражиќ (Србија), Драгољуб Јаќимовиќ (Македонија), Скоберне Јуре (Словенија) и Хера Имре Јр. (Унгарија).

Најдобро пласирани од нашите шахисти беа Драгољуб Јаќимовиќ и Владимир Георгиев, но турнирот измина во знакот на големото изненадување, младиот тетовски шахист Игор Петровски, кој одигра одличен турнир и ја освои својата прва норма за Интернационален мајстор.

petrovski_igor

Турнирот го затвори градоначалникот на Општина Карпош, г-дин Стевче Јакимовски, кој ги поздрави гостите од странство и домашните шахисти и ја изрази својата благодарност до шаховскиот клуб Гамбит Асеко-Сее, Шаховската федерација на Македонија и компанијата „Реплек“ за нивниот придонес во организацијата на овој силен меѓународен турнир, и најави дека Општина Карпош и во иднина ќе го поддржува шахот.

На турнирот настапија 77 шахисти од 12 држави.

Конечната табела како и останатите резултати и податоци можете да ги погледнете овде.