drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Панчевски победи на Отвореното првенство PDF Печати
Недела, 24 Јули 2011 17:17

sfmФилип Панчевски е победник на Отвореното првенство на Македонија кое заврши денес во Струга. Интернационалниот мајстор од Скопје освои 7.5 поени од 9 партии и убедливо триумфираше на турнирот. Нему му припадна парична награда од 36 000 денари како и награди од спонзорот Алкалоид АД Скопје и хотелот Дрим од Струга. .

Второто место му припадна на Сашо Николов, интернационален мајстор од Бугарија, кој освои 6.5 поени. На делба на третото место со 6 поени се најдоа Ристе Менкиноски, Орце Данчевски и Влатко Богдановски, кои со овој резултат изборија и пласман за 21-от Шампионат на Македонија кој ќе се одржи во 2012 година.

filip_otvoreno_2011



Награди освоија и сите шахисти кои се најдоа на делба на шестото место со 5.5 поени. Специјални награди освоија  Игор Петровски за најдобар млад шахист, Моника Стојковска ја освои наградата во женска конкуренција, Украинецот Богдан Борсос беше најдобар играч со рејтинг од 2200 до 2300, Димитар Качаковски со рејтинг од 2000 до 2200 а Бојана Бејатовиќ со рејтинг помал од 2000.

Турнирот помина во фер, борбена и коректна атмосфера. Судии беа Иван Кочовски и Кире Николовски. Претседателката на ШФМ Лидија Софревска го затвори турнирот и им се заблагодари на учесниците, со желба за уште помасовен и посилен турнир следната година.

Табелата и резултатите можете да ги погледнете на шаховскиот сервер chess results, каде што можете и да ги симнете одиграните партии во pgn формат.