drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Април 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30
todor-mitrov-logo
Започнаа Екипното и Женското првенство PDF Печати
Понеделник, 08 Август 2011 23:45

sfmДенес во хотелот Дрим во Струга, во организација на Шаховската федерација на Македонија и спонзорот Алкалоид АД - Скопје,  започнаа Екипното и Женското првенство на Македонија. . Првенствата ги отворија Претседателот на ШФМ Лидија Софревска - Андонова и членот на Управниот одбор на ШФМ, Благоја Богоевски, кои ги поздравија присутните и им посакаа успех.

На Екипното првенство настапуваат 8 екипи, а во првото коло се постигнати следниве резултати:

Карпош - Бизнис Милениум 3:3
ГШК Кочани - Прилеп 5:1
БМ Кисела Вода - Гамбит Асеко-Сее 2:4
ГШК Куманово - Алкалоид 2:4

Партиите од првото коло во PGN формат можете да ги симнете овде.

На Женското првенство настапуваат 6 шахистки кои ќе играат по бергеров систем од 5 кола. Во првото коло се постигнати следниве резултати:

Стојковска Моника - Коскоска Габриела  реми
Секуловска Весна - Бејатовиќ Бојана реми
Лакинска Симона - Николовска Драгана 0-1

Второто коло е утре од 16.30 часот.