drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Селекторот Јаќимовиќ го објави списокот PDF Печати
Среда, 19 Октомври 2011 11:54
sfmНашата машка шаховска репрезентација предводена од новиот селектор, велемајсторот Драгољуб Јаќимовиќ, се подготвува за настапот на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во Порто Карас, Грција, од 03 до 11 ноември. . Селекторот од неодамна го објави списокот на играчите кои ќе ја претставуваат нашата држава, а утре тие заминуваат на кратки подготовки во Пелинце.

За репрезентацијата ќе настапат тројца велемајстори и тоа: Владимир Георгиев (2574), Трајко Недев (2493) и Звонко Станојоски (2470), како и двајцата интернационални мајстори: Александар Чоловиќ (2451) и Филип Панчевски (2441). Репрезентацијата ќе биде ослабена поради отсуството на велемајсторот Никола Митков кој од оправдани причини нема да може да настапи на ова Европско првенство.

Во ваков состав ние сме рангирани на 29 место од 38 пријавени репрезентации, а во нашиот табор се надеваат на добар резултат, што значи пласман подобар од моменталниот рејтинг. Од утре нашите започнуваат со активности кои без прекин ќе траат до самиот почеток на Европското првенство. Најпрво, ќе се одржат кратките подготовки во Пелинце, спонзорирани од Јавното претпријатие „Паркинг“ од Куманово, во соработка со шаховскиот клуб Куманово. Потоа репрезентативците ќе настапат на Викенд турнирот во организација на општина Карпош кој се одржува во недела, 23 октомври, а ден потоа и на 19 ОПЕН Скопје кој трае од 24 октомври до 02 ноември. Веднаш по завршувањето на турнирот нашата репрезентација заминува на Европското првенство.