drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Април 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30
todor-mitrov-logo
Пораз од Исланд, нова победа на Панчевски PDF Печати
Вторник, 08 Ноември 2011 21:04
sfmНепријатен пораз од Исланд претрпе нашата репрезентација денес со што значително ни се намалени шансите за добар резултат на Европското првенство. Но сепак, остануваат уште три кола до крајот во кои избраниците на селекторот Јаќимовиќ ќе се обидат да се вратат во средината на табелата. .

Втор ден по ред Филип Панчевски е единствениот наш шахист кој забележува победа. Денес тој го совлада Браги Торфинсон, додека Звонко Станојоски ремизираше со Бјорн Торфинсон. Но и ова не беше доволно затоа што на првите две табли бевме поразени по што Исланд ги однесе бодовите.

georgiev-danielson
Од денешниот двобој на првата табла: Георгиев - Даниелсен

Македонија - Исланд 1.5:2.5
Георгиев (2553) - Даниелсен (2542)   0:1
Недев (2493) - Гретарсон (2452)   0:1
Панчевски (2442)  -  Торфинсон Браги (2421)   1:0
Станојоски (2470) - Торфинсон Бјорн (2402)   реми

17-то рангираната Романија неочекувано се искачи на првото место по денешната победа против домаќинот Грција. Азербејџан е втор откако и нанесе пораз на Русија, по што првиот фаворит на турнирот моментално е на 13-то место. Бугарија е третата репрезентација со 10 бодови, а составот предводен од Веселин Топалов денес одигра 2-2 против Франција. Од 4-6 место следат Ерменија, Германија и Франција со 9 бодови.