drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Максимална победа за крај, пласман според рејтингот PDF Печати
Петок, 11 Ноември 2011 18:45
sfm4-0 на нашите против Велс за подобрување на впечатокот и за 30 место на табелата, точно како што бевме рангирани пред почетокот. Во возбудлива завршница на првенството нов Европски првак стана репрезентацијата на Германија. .

Нашата репрезентација денес ја оправда фаворитската улога против Велс и со максимални 4-0 го заврши првенството.

Македонија - Велс 4:0

Недев (2493) - Џонс (2282)   1:0
Чоловиќ (2451) - Кет (2184)   1:0
Панчевски (2442) - Плесантс (2089)  1:0
Станојоски (2470) - Јанг (2042)   1:0

Германците се нови Европски прваци откако ја совладаа Ерменија во дуел кој дирекно одлучуваше за првото место. Мејер го совлада Мовсесиан со црни фигури за тесна победа на германскиот состав од 2.5 - 1.5. Ерменците останаа без медал затоа што на табелата ги престигна Азербејџан кој славеше против Романија, и Унгарија која стигна до бронзата по неверојатната победа против Бугарија со максимални 4:0.

Првенството во женска конкуренција сеуште не е завршено но веќе е познато дека репрезентацијата на Русија ја одбрани титулата.