drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
ФИДЕ воведува рејтизи за „Блиц“ и „Рапид“ PDF Печати
Среда, 30 Ноември 2011 14:06
sfmОд 01 јануари 2012 ФИДЕ воведува рејтинзи во брзопотезен („Блиц“) и забрзан („Рапид“) шах. Во ФИДЕ се надеваат дека националните федерации ќе ги регистрираат турнирите одиграни на овие темпа со цел новите рејтинг листи да заживеат. Квалитетот на турнирите не е важен и може да се пријавуваат турнири на било кое ниво. .

Правилата се следни:

Турнирите кои ќе се одржат од јануари следната година можат да се пријавуваат, што е можно порано, но не подоцна од два дена пред почетокот на турнирот.

Правилата за игра ќе бидат поставени на сајтот на ФИДЕ, во делот Laws of Chess. На турнирите по забрзано темпо, секој играч мора да има најмалку 15, а помалку од 60 минути за размислување, или пак вкупното време (даденото време + 60 пати по додавањето за потег) да биде најмалку 15, а помалку од 60 минути.

На турнирите по брзопотезно темпо, секој играч мора да има најмалку 5, а помалку од 15 минути за размислување, или пак вкупното време (даденото време + 60 пати по додавањето за потег) да биде најмалку 5, а помалку од 15 минути. Значи, временска контрола од 3'+2" (или вкупно 5 минути) е прифатлива. И двајцата противници мора да имаат исто време.

Што се однесува до пресметките за рејтинг, важат истите правила со таа разлика што коефициентот за сите изнесува 20. Оние шахисти кои веќе имаат рејтинг, ќе започнат со својот моментален рејтинг. Првите рејтинг листи ќе бидат објавени на 01 јули 2012 затоа што се очекува до тогаш да има доволно турнири за објавување. Понатаму листите ќе се објавуваат еднаш месечно.

Дополнителни правила ќе бидат објавени за шахистите кои ќе имаат повеќе од 35 партии во еден рејтинг период, и за новите шахисти кои имаат голем број на партии, за да се избегнат аномалии во рејтингувањето.

Одлуки за трошоците за овие турнири ќе бидат донесени на конгресот кој ќе се одржи за време на Олимпијадата во Истанбул 2012 и ќе стапат на сила од 01 јануари 2013.