drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Кирил Георгиев е победник на ОПЕН Карпош 2012 PDF Печати
Сабота, 14 Април 2012 22:37
sfmБугарскиот репрезентативец Кирил Георгиев е победник на ОПЕН Карпош. Поранешниот член на Алкалоид и Македонската репрезентација со 7.5 поени остана сам на врвот на табелата, а им избега половина поен на првиот носител Беркеш, Чаталбашев и Шолак.
.
Најдобар од домашните шахисти беше Влатко Богдановски кој со 6.5 поени се пласираше на 14 место. Владимир Георгиев го заврши турнирот со 6, а Филип Панчевски со 5.5 поени.

kiril_georgiev
Ја покажа својата класа: ВМ Кирил Георгиев

Организатор на турнирот беше Општина Карпош во соработка со ШК Гамбит Асеко-Сее. Организаторите ги заслужија сите пофалби за турнирот кој беше организиран на највисоко ниво. Во салата во хотелот Александар Палас учество зедоа 147 шахисти од 16 држави. Наградниот фонд изнесуваше 17500 евра, од кои 3500 му припаднаа на победникот. Главен судија на турнирот беше Иван Кочовски, а му помагаа Сашко Лакински и Вахидин Исмаили. Директор на турнирот беше градоначалникот на Општина Карпош, г-дин Стефче Јакимовски.

Конечната табела и останатите статистички податоци можете да ги погледнете овде.