drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Панчевски ја освои титулата PDF Печати
Недела, 12 Август 2012 16:33

sfmФилип Панчевски е нов првак на Македонија во шах. Со 7.5 поени од 9 партии, шахистот на Алкалоид победи на Отвореното првенство на Македонија кое се одржа во Струга. Второто место му припадна на Ристе Менкиноски со 7, а трет е Орце Данчевски со 6.5 поени.

.

pancevski_f
Ја одбрани титулата: ИМ Филип Панчевски

Панчевски го освои целиот поен во решавачката партија со Станојоски и ја задржа предноста од половина поен. Изненадување на првенството е Тони Лазов. Младиот Неготинчанец победи во последното коло и се избори за високото четврто место! Турнирот беше одлична можност за младите шахисти, а оние кои беа во добра форма постигнаа добри резултати против многу поискусните противници.

На првенството настапија 37 учесници од 3 држави. Судии беа Иван Кочовски и Кире Николоски.

- Табела, резултати и останати статистики.
- Партии во PGN формат.