drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Април 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30
todor-mitrov-logo
Брзопотезен турнир за новинари на ШК Алкалоид PDF Печати
sfm
Како дополнување на предходно најавениот отворен рејтингуван турнир во забрзан шах, од Шаховскиот клуб „Алкалоид“ информираат дека на истиот ден (сабота, 3-ти ноември) ќе биде организиран и отворен брзопотезен турнир за новинари. . Овој турнир ќе се одигра на темпо за игра од 5 минути по играч со додаток од 2 секунди за секој одигран потег, а поканети да учествуваат се сите претставици од новинарската професија. Наградени ќе бидат сите учесници на овој турнир. За повеќе информации преземете го Расписот за брзопотезниот турнир за новинари.

Потсетуваме дека на 03.11 2012 (сабота), 10.00-20.00h во хотелот Континентал во Скопје, во организација на ШК Алкалоид ќе се одржи првиот рејтингуван македонски турнир во забрзан шах

Турнирот ќе се игра со темпо од 15 минути по играч и 10 секунди додаток за одигран потег. Ќе бидат одиграни 9 кола по швајцарски систем, а наградниот фонд изнесува 45000 денари.

За сите информации симнете го Расписот на турнирот.