drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Новоселски победи на рапидот на Алкалоид PDF Печати
Недела, 04 Ноември 2012 11:05

sfmВчера во хотелот Континентал во Скопје се случи вистиски празник на шахот: се одржа првиот рејтингуван турнир во забрзан шах на ШК „Алкалоид“, кој ги надмина сите очекувања за масовност. Настапија 106 учесници а победи српскиот Интерационален мајстор Зоран Новоселски. . Тој освои 7.5 поени од 9 партии, исто колку и нашиот ФИДЕ мајстор Дејан Динев кој според дополнителните критериуми е втор. Следи поголема група од 12 шахисти со 6.5 поени, предводена од ВМ Влатко Богдановски.

Конечната табела можете да ја погледнете овде.
Галерија со фотографии од турнирот можете да погледнете овде.

На турнирот покрај домашните, настапија и шахисти од Србија, Бугарија и Полска. Од 106 учесници, 5 се велемајстори а настапија дури 30 шахисти со меѓународни титули. Покрај нив, настапија голем број шаховски ветерани, аматери, и над 30 јуниори, бројка која посебно радува. Турнирот помина во одлична организација и дружење, а од ШК „Алкалоид“ велат дека овој турнир им дава посебна мотивација во иднина уште почесто да организираат вакви турнири.

Покрај турирот во забрзан шах, се одржа и брзопотезен турнир за новинари на кој победи Александар Сидоровски од „Ден“, пред Гоце Илковски од „Нова Македонија“ и Зоран Стерјовски од „МИА“.