drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Недев победник на „Македонија 2012“ PDF Печати
Недела, 16 Декември 2012 03:14

sfmПо повод 40-годишнината од Шаховската олимпијада во Скопје и воведувањето на шахот во системот на образованието на Република Македонија, Шаховската федерација на Македонија организираше Отворен турнир во забрзан шах „Македонија 2012“. .

Турнирот се одржа на 15 декември (сабота) 2012 година во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Се играше Фиде варијанта на Швајцарски систем во 9 кола со темпо на игра од 15 минути и бонификација од 5 секунди по играч.

Во паузата помеѓу второто и третото коло се одржа мала свеченост. Модератор беше Александар Сидоровски.Преку мал краткометражен филм, се евоцираа спомени од Шаховската олимпијада одржана во Скопје во 1972 година.За своите сеќавања говореа новинарите Атанас Костовски и Љубомир Гајдов.

Од името на  Европската Шаховска Унија присутните ги поздрави нејзиниот секретар, г-ѓа Сава Стоисављевиќ .

Благоја Богоевски, Претседателот на ШФМ, им се заблагодари за присуството на официјалните гости , а на шахистите им посака креативност и добар пласман. Се чини дека неговите зборови најсериозно ги разбра македонскиот репрезентативец Трајко Недев кој убедливо го освои првото место со 8 поени, пред Бугарите Петар Дренчев, Владимир Петков и Кирил Бадев кои освоија по 7 поени.

Конечната табела можете да ја погледнете овде.