drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Април 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30
todor-mitrov-logo
Симултанка на ИМ Илиевски во Општина Илинден PDF Печати
Среда, 27 Февруари 2013 07:31
sfmСо 20 победи и 5 реми, интернационалниот мајстор во шах, Димче Илиевски ја одигра првата симултанка во шах што во организација на Општина Илинден, а во соработка со Шаховската федерација на Македонија, се одржа во Домот на култура „Илинден“. .

Меѓу оние што успеаја да извлечат реми од интернационалниот мајстор беше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Во Домот на култура „Илинден“ беше вистински празник на шахот. Покрај 25 шахисти што учествуваа во симултанката, Домот беше исполнет со десетици вљубеници во шахот кои што уживаа во потезите на Илиевски.

ilievski-ilinden

-Беше вистинско задоволство да се учествува на ваков натпревар, кој, морам да признаам, ме изненади со добрата игра на противниците, истакна по завршувањето на симултанката интернационалниот мајстор во шах, Димче Илиевски.

За учество на симултанката, градоначалникот Стојановски му врачи посебна плакета на интернационалниот мајстор Илиевски, а за поддршката во организацијата плакета и додели и на Шаховската федерација на Македонија, што ја прими секретарот на Федерацијата, Иван Кочовски.

Од своја страна, пак, интернационалниот мајстор Илиевски на сите 25 учесници во симултанката им додели благодарници за учеството.