drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Стојчевски прв на Меморијалот „Руди Алибегов“ PDF Печати
Недела, 21 Април 2013 19:11
sfmНа VII-от традиционален Меморијал "Руди Алибегов 2012/13“, одржан на ден 13.04.2013 во просториите на ШК Гамбит,настапија вкупно 49 шахисти од повеќе градови во Македонија . (ова е инаку рекорден број учесници на Меморијалот).

По краткиот пригоден говор на претседателот на ШК Карпош - Горан Главинац, турнирот го отвори ќерката на покојниот Руди - Ана Алибегова со повлекување на првиот потег. По одиграните 9 кола по Швајцарски систем со темпо на игра од 10'+5'', најуспешен беше членот на ШК Гамбит - Зоран Стојчевски со 7,5 бода, колку што освои и второпласираниот - неговиот клупски колега Дејан Динев, но со послаб среден Бухолц. Третото место му припадна на Роберт Велески со освоени 7 бода. Понатаму следуваат: Орце Данчевски, Тони Кироски и Јани Богоевски - сите тројца со освоени 6,5 бода. Седмата награда ја освои Дејан Ѓорѓиоски како најуспешен играч од групата шахисти со освоени 6 бода.

Дополнителните награди ги освоија:

- за најдобар играч со рејтинг во интервалот (2001 - 2200) - Кире Николоски
- за најдобар играч со рејтинг до 2000 или без рејтинг - Јанчо Ѓорѓески
- за најдобра шахистка - Моника Стојковска
- за најдобар ветеран - Илија Стошевски
- за најдобар ненаграден член на ШК Карпош - Љупчо Ѓоршев

Ден предходно се одржа и јуниорскиот Меморијал во просториите на ШК Карпош. Настапија 20 јуниори, членови на неколку еминентни шаховски школи. По одиграните 6 кола по Швајцарски систем со темпо на игра 10'+5",најдобар беше Никола Николовски со освоени 5 бода. Исто толку бодови освои и второпласираниот Кренар Таири, но со послаб Среден Бухолц. Трет беше перспективниот јуниор Лазар Петровиќ со освоени 4,5 бода, колку што освои исто така многу надежниот Андреј Велјаноски од школата на ШК Гамбит. Петтото до седмото место го поделија: Филип Михов, Бојан Ристовски и Христијан Цакончев со 4 бода. Најдобра јуниорка на турнирот бесе Ивана Манова.

Турнирите изминаа во фер и коректна атмосфера.