drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Богдановски е првак за 2013 година PDF Печати
Недела, 21 Јули 2013 18:15
sfmВелемајсторот Влатко Богдановски е нов првак на Македонија за 2013 година. Со победата во последното коло против Роберт Велески тој се одвои од конкурентите, освојувајќи 7 поени од 9 партии. . Звонко Станојоски и Драгољуб Јаќимовиќ кои исто така победија во последното коло ги зазедоа второто и третото место со 6.5 поени.

bogdanovski-vlatko
ВМ Влатко Богдановски

За шахистот на Алкалоид и репрезентативец на Македонија ова е вкупно седма титула Првак на Македонија. Богдановски предходно победуваше во 1986, 1987, 1989, 1993, 1995 и 2009 година.

Специјални награди освоија:

- Јани Богоевски (рејтинг 2200-2300)
- Александар Кралевски (рејтинг 2000-2200)
- Тони Лазов (рејтинг под 2000)
- Бруна Тузи (прва женска награда)
- Драгана Николовска (втора женска награда)
- Коста Пеев (најдобар до 18 години)

На првенството кое се одржа во хотелот „Дрим“ во Струга учество зедоа 36 шахисти од Македонија, Бугарија, Србија и Албанија. Судии беа Иван Кочовски и Кире Николовски.

Резултатите и конечната табела можете да ги погледнете серверот Chess-Results, каде што можете да ги погледнете и одиграните партии.