drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Отворено првенство на Македонија PDF Печати
Петок, 04 Јули 2008 19:10

 

1.    Отвореното Првенство на Македонија ќе се одржи во Струга,од 14-22 јули 2008 година,во хотел “Дрим”,во организација на Шаховската федерација на Македонија.

2.    Техничката организација и одредувањето натпреварувачки броеви ќе биде на
14 јули ,во 12 часот.

3.    Турнирот ќе се игра по Швајцарски систем од 9 кола и ќе се рејтингува во ФИДЕ. Темпо на игра е 90 минути за 40 потези + 15 минути до крајот на партијата, по играч,со додаток од 30 секунди за секој потег,почнувајќи од првиот.
Партиите се играат секој ден од 16 часот.


4.    Секој учесник е должен да носи дигитален шаховски часовник.

5.    Првенството е од отворен карактер,а уписнината изнесува:


•    за играчи без рејтинг ……..………........  1.500,00 ден.
•    за играчи со рејтинг < 2000 …………..  1.000,00 ден.
•    за играчи со рејтинг  2000 - 2199 ……  700,00 ден.
•    за играчи со рејтинг  2200-2299  …….  500,00 ден.
•    за играчи до 18 години         …………..  500,00 ден.


Шахисти со рејтинг > 2300,шахисти со  меѓународни титули(ФМ,ИМ и ВМ) и поранешни шампиони на Македонија се ослободени од плаќање  уписнина.

6.    Цена на пансион  во хотел”Дрим”, во  двокреветна соба по лице на ден, изнесува 1.650,00 денари.Цена на пансион  во хотел”Београд” во  двокреветна соба по лице на ден изнесува 1.450,00 денари.За еднокреветна соба се доплаќа 30% од  цената.Во цената е вклучено  ДДВ (18 %), туристичка такса и осигурување.


Корисникот на услугата се обврзува плаќањето да го изврши на лице место во готово или на фактура
Инекс Дрим АД; жиро сметка: 210040717190136
Депонент:ТутунскаБанка; ЕДБ:4026977111424  

7.    Сите лица кои не се сместени во хотел”Дрим” или хотел ”Београд”,  а играат на Првенството на Македонија, ќе треба да платат дополнителни 1.000,00 денари заради условите и салата за игра кои останатите шахисти ја плаќаат преку пансионот.

8.    Награден фонд: 200.000,00 денари
1.место………… 50.000,00         6.место………  14.000,00
2.место………… 35.000,00         7.место………  12.000,00
3.место………… 25.000,00         8.место………. 10.000,00
4.место………… 20.000,00         9.место……….   9.000,00
5.место………… 16.000,00           10.место………..  9.000,00


Скопје,04.07.2008

Шаховска федерација на Македонија

Стручен секретар

Иван Кочовски

.