drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Младите на Алкалоид настапија во Грција PDF Печати
Четврток, 17 Април 2014 14:51
alk_mНа 12 и 13 Април во Никити (Халкидики - Грција) се одржа „3-от Рапид Балкански Шаховски Фестивал 2014“. Се играа 10 кола со темпо на игра 2 x 15 мин за цела партија + 3 сек. додаток за секој потез. .

Вкупно на турнирот учествуваа 123 учесници од кои поголемиот дел беа млади до 16 год. Несекојдневен и интересен беше начинот на бодување т.е. 3 поени за победа, 1 поен за реми и 0 поени за пораз.

Од Ш.К. „Алкалоид“ на овој рапид турнир покрај ВМ Станојоски Звонко, учество зедоа вкупно 7 деца и тоа според стартниот ранкинг: Тони Лазов (рејтинг 2083), Моника Стојковска (1966), Кренар Таири (1937), Александар Константинов (1887), Драгана Николовска (1807), Филип Михов (1768) и Симона Лакинска (1609).

sitonia

Покрај од Македонија на турнирот учество зедоа натпреварувачи од земјата домаќин Грција, потоа од Бугарија и Србија. Конечниот пласман на нашите шахисти изгледа вака:

7 мо место: Станојоски Звонко со освоени 21 бод (7,5 поени по класичен систем на бодување);
19то место: Александар Константинов 19 (6,5 поени);
23то место: Моника Стојковска  18 (6,5 поени);
24то место: Тони Лазов со освоени 18 (6 поени);
33то место: Симона Лакинска 18 (6 поени);
34то место: Филип Михов 18 (6 поени);
45то место: Драгана Николовска 16 (5,5 поени);
49то место: Кренар Таири 15 (5,5 поени).

Конечната табела можете да ја погледнете овде.