drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Јануари 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
todor-mitrov-logo
Првенство на Македонија за жени за 2008 PDF Печати
Петок, 27 Јуни 2008 19:13

 

1. Првенството ќе се одржи во Струга, од 05-11.07.2008 година, во хотел „Дрим“, во организација на Шаховската федерација на Македонија

 

2. Техничката организација и и извлекувањето натпреварувачки броеви ќе биде на 05 јули(сабота), во 12 часот.Првото коло почнува во 16 часот.

 

3. Шампионатот е од отворен карактер, а системот на натпревари зависи од бројот на учесничките.Ако тој не е поголем од 12, се игра по Бергеров систем (секој со секого).За 13 или 14 шахистки ќе се игра по Швајцарски систем од 7(седум), а за 15 или повеќе по Швајцарски систем од 9(девет) кола.

 

4. Организаторот, по потреба, го задржува правото да одржи и две кола во еден ден.

 

5. Цена на пансион во хотел „Дрим“,во двокреветна соба по лице на ден, изнесува 1650,00 денари.Цена на пансион во хотел „Београд“,во двокреветна соба по лице на ден, изнесува 1450,00 денари.За еднокреветна соба се доплаќа + 30 %. Во цената е вклучено ДДВ(18%),туристичка такса и осигурување.

 

6. Сите лица кои не се сместени во хотел„Дрим“ или хотел„Београд“, а играат на Првенството на Македонија за жени, ќе треба да платат дополнителни 1.000,00 денари заради условите и салата за игра кои останатите шахистки ја плаќаат преку пансионот.

 

7. Темпо на игра е 90 минути за 40 потези и 15 минути до крајот на партијата, по играч, со додаток од 30 секунди за секој потег, почнувајќи од првиот.

 

8. Првенството се игра според Правилата за игра на ФИДЕ.

 

9. Награден фонд: 30.000,00 денари


1.место 12.000,00

2.место 10.000,00

3.место 8.000,00

 

Скопје,27.06.2008 година

Шаховска федерација на Македонија

Кочовски Иван,стручен секретар

.