drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Април 2018
По Вт Ср Че Пе Са Не
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30
todor-mitrov-logo
Градско Првенство на Скопје 2008 PDF Печати
Среда, 02 Април 2008 19:14

 

1. Првенството ќе се одржи во Скопје, од 16-23 април 2008 година, во просториите на Шаховскиот клуб „Гамбит“, при Сојузот на слепи на Скопје, улица „29 Ноември“ бр.46, во организација на Шаховската федерација на Македонија.

2. Пријавувањето на учесниците и одредувањето натпреварувачки броеви ќе биде до 16 април(среда), во 16 часот.

3. Уписнината за учество изнесува:

за шахисти до 18 години                                  300,00 денари
за шахисти со рејтинг 2200-2299                   400,00 денари
за шахисти со рејтинг до 2199                        500,00 денари
за шахисти без рејтинг                                      600,00 денари

4. Награден фонд: 60.000,00 денари

1.место    16.000,00
2.место    12.000,00
3.место    10.000,00
4.место      6.000,00
5.место      5.000,00
6.место      4.000,00
7.место      3.500,00
8.место      3.500,00

При делба на место одлучува: Прогресивен скор, Среден бухолц (-2), Бухолц, меѓусебна средба, поголем број победи.

Наградите се делат по Хортов систем.

5. Се играат 9 кола по Швајцарски систем, со темпо на игра 90 минути за 40 потези,плус 15 минути по играч до крајот на партијата, со додаток од 30 секунди за секој одигран потег,почнувајќи од првиот.

6. Партиите се играат секој ден со почеток во 17 часот,освен во недела, 20 април, кога се играат две кола со почеток во 10, односно 17 часот.

7. Турнирот ќе се рејтингува во ФИДЕ.

8. Звонење на мобилен телефон се казнува со контумација.

9. Судија на првенството ќе биде Ицко Стојановски од Скопје.

Скопје,02.04.2008 година
Шаховска федерација на Македонија
Кочовски Иван,стручен секретар
.