drim1
novamakedonija
todor-mitrov-logo
Распис Квалификациите за Екипното првенство на Македонија за 2015 година Печати

Р А С П И С

За Квалификациите за Екипното првенство на Македонија за 2015 година

  1. Во квалификациите за Екипното првенство на Македонија за 2015 година имаат право да настапат  регистрирани екипи во ШФМ за 2015 година, кои ќе го пријават своето учество  најдоцна до 27 април (понеделник) 2015 година.

  1. Годишната регистрација на клубовите од 3.000,00 денари треба да се уплати на сметката на            

    Шаховски сојуз на Град Скопје

Сметка: 210065884680156

НЛБ Тутунска банка АД - Скопје

. Заедно со уплатата клубовите треба да достават список на играчи и копија од тековната состојба од Централниот регистар на Република Македонија.

  1. Мечевите се играат на 6(шест) табли со максимум  4(четири) резерви. Во екипите може да настапат само претходно пријавените шахисти.Истите не може да настапат за друг клуб во натпреварувачката 2014 година!

  1. Распоредот и термините ќе бидат објавени ,во зависност од бројот на пријавените екипи, на закажан термин за извлекување на натпреварувачките броеви. Натпреварите треба да се одиграат  во текот на месец мај.

  1. Клубовите ќе пријават основен состав и капитен на екипата во закажан термин за извлекување на натпреварувачките броеви.Основниот состав се одредува слободно без било какви ограничувања и не може да се менува по редоследот до крајот на натпреварувањето.

  1. Се игра според Правилата на ФИДЕ. Темпо на игра е 90 минути за 40 потези плус 30 минути до крајот на партијата, со додаток од 30 секунди за секој потег, почнувајќи од првиот.Играчите се должни да ги пишуваат потезите до крајот на партијата.

  1. Ќе се игра по Бергеров систем (секој со секого) по бод систем.

За победа во мечот(3,5:2,5; 4:2; 4,5:1,5; 5:1; 5,5:0,5 и 6:0) се добиваат 2 бода , а за нерешен резултат(3:3) се добива еден бод.При ист број на бодови одлучува:

· Вкупен број на освоени поени

· Резултат од меѓусебни средби

· Подобар успех на сите табли на целото натпреварување

(1.табла се бодува со 100 поени, 2.табла со 90 поени, 3.табла со 82 поени, 4.табла со 76 поени, 5.табла со 72 поени и 6.табла со 70 поени)

  1. Домаќинот е должен да обезбеди сала (со нормални услови за игра, шаховски фигури и дигитални шаховски часовници) и за тоа да го извести гостинот.

Пријавувањето на составите е 15 минути пред почетокот на натпреварот.

  1. Во текот на натпреварувањето одделен меч може да биде одложен или да биде поместена сатницата на неговиот почеток само ако за тоа постојат јаки оправдани причини, за што толкување дава Стручниот одбор на ШФМ.

Одложување на мечеви од последното коло не се дозволени под никакви услови.

  1. Пред почетокот на последното коло мора да бидат одиграни и завршени сите мечеви од претходните кола.

  1. Ако една екипа ги започне, а не ги заврши натпреварите, губи право на настап на Екипните натпревари во следната година.

  1. Забранета е употребата на мобилни телефони во салата за игра.

  1. Секоја екипа си назначува капитен.За секој натпревар капитенот на екипата го предава составот на екипата.Во салата каде се игра се строго забранети разговори меѓу играчите и други лица.Дозволен е контакт само со капитенот,кога играчот сака да понуди реми или му нудат реми.Одговорот е само со „да" или „не".

  1. Во зависност од квалитетот и бројноста на рејтинговани пријавени шахисти можно е рејтингување на квалификациите.
  1. Првите две екипи се стекнуваат со право на настап на Екипното првенство на Македонија за 2015 година, кое според Календарот на ШФМ  ќе се одржи од 20-26.07.2015 година.
Документот на Шаховската Федерација може да се спушти овде.