drim1
novamakedonija
todor-mitrov-logo
ПРВЕНСТВА НА МАКЕДОНИЈА за млади за 2015 година за девојчиња и момчиња (до 08,10,12,14,16 и 18 години) Печати

sfm

1. Првенствата на Македонија за млади ќе се одржат во Струга, од 17-22 јуни 2015 година, во хотел „Дрим", во организација на Шаховската федерација на Македонија.

2. Пријави за учество на Првенствата на Македонија за млади за 2015 година.

2.1.Пријавите за учество (со име и презиме и дата на раѓање)  треба да се испратат на       е-маил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 16 јуни 2015 година.

2.2.Пријавените учесници мора да го потврдат своето учество со присуство во салата за игра на 17 јуни (среда) 2015 година  до 15,30 часот.

2.3.Првото коло почнува во 16,30 часот.

3. Право на учество имаат девојчиња и момчиња, кои со годината на раѓање одговараат на својата група и помлади, државјани на Република Македонија.Како доказ за година на раѓање ќе послужи лична карта, ученичка книшка со слика за учебната 2014/2015 година или извод од книгата на родени.

4. Шахист или шахистка може да настапи само во една категорија.

5. Момчињата и девојчињата, според годината на раѓање, ќе играат одделни турнири ако има најмалку 4(четири) шахисти или шахистки во категорија.

6. Партиципацијата за учество е 250,00 денари.

  1. Цени на услуги во хотел „Дрим" :

· полн пансион - 1.595,00 денари по лице на ден во двокреветна,

трокреветна или четворокреветна соба.

Пансионот започнува на 16 јуни со вечера, а завршува со ручек на 22 јуни 2015 година. Корисникот на услугата се обврзува плаќањето да го изврши пред почетокот на натпреварите, на лице место во готово или на фактура.

Инекс Дрим АД, жиро сметка : 210040717190136

Депонент: НЛБ Тутунска банка АД-Скопје

8. Првенствата ќе се играат во зависност од бројот на учесници, по Швајцарски или по Бергеров систем.

9. Бројот на одиграни партии и времето на одигрување ќе бидат одредени исто така во зависност од бројот на учесници по категории.Организаторот, по потреба, го задржува правото да одржи и две кола во еден ден.

  1. Првенствата се играат според Правилата за игра на ФИДЕ.

11. Темпо на игра е 90 минути по играч за цела партија, со додаток од 30 секунди за секој потег, почнувајќи од првиот.

  1. Победнички трофеи ќе им бидат поделени на најуспешните.
  2. Победниците по категории се стекнуваат со право да ја претставуваат Македонија на Европското и Светското првенство за млади во 2015 година.

Расписот може да го разгледате овде.