drim1
novamakedonija
todor-mitrov-logo
ОТВОРЕНО МЕЃУНАРОДНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА 2015 PDF Печати

Banner-Full-MKD

ШАХОВСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Број 21 - 15 /април 29, 2015 година

Документи / Documents:

Распис (МКД)

Regulations (ENG)

Струга, 22 август - 30 август 2015 година

  1. Отвореното меѓународно првенство на Македонија ќе се одржи во Струга, од 22.08. - 30.08. 2015 година, во хотел „ Дрим " , во организација на Шаховската федерација на Македонија.
  2. Турнирот ќе се игра по Швајцарски систем од 09 кола и ќе се рејтингува во ФИДЕ.
  3. Партиите се играат по следниот распоред:

. 22 август (сабота) 11:00 -12:00    отворање,пријавување и техничка организација

22 август (сабота)  16:30   коло I

23 август (недела) 16:30   коло II

24 август (понеделник) 16:30   коло III

25 август (вторник) 16:30   коло IV

26 август (среда) 16:30   коло V

27август (четврток) 16:30   коло VI

28 август (петок) 16:30   коло VII

29 август (сабота) 16:30   коло VIII

30 август (недела) 10:00   коло IX

4. Темпо на игра е 90 минути за 40 потези и  додатни 30 минути до крајот на партијата, со бонификација од 30 секунди за секој потег, почнувајќи од првиот.

  1. Партиципација

Шахисти со меѓународни титули(ФМ,ИМ и ВМ), поранешни шампиони на Македонија и шахисти со рејтинг над 2300 поени се ослободени од плаќање партиципација.За останатите таа зависи од моментниот рејтинг :

    • шахисти без рејтинг                                     1.500 денари
    • шахисти со рејтинг помал од 2000             1.200 денари
    • шахисти со рејтинг 2000-2199                        900 денари
    • шахисти со рејтинг 2200-2299                        600 денари

  1. Цени на услуги во хотел „Дрим" :

· полн пансион - 1.890 денари по лице на ден во двокреветна супериор соба.

За еднокреветна соба цената на пансионот се зголемува за 30%.

За трето лице во двокреветна соба цената на пансионот се намалува за 30%.

Пансионот започнува на 21 август со вечера, а завршува со ручек на 30 август 2015 година. Корисникот на услугата се обврзува плаќањето да го изврши пред почетокот на натпреварите, на лице место во готово или на фактура.

Инекс Дрим АД, жиро сметка : 210040717190136

Депонент: НЛБ Тутунска банка АД-Скопје

  1. Организаторот обезбедува шаховски комплети за сите учесници.

8. Играч,кој нема да се појави на шаховската табла 15 минути по почетокот на колото, ќе ја загуби партијата(толеранција на доцнење 15 минути).

9. Дисциплина

Забрането е носење мобилни телефони или други електронски уреди во салата за игра. Казна е губење на партијата.

Снимање е дозволено во првите 15 минути.
Според ФИДЕ Правилата, сите играчи кои ги завршиле своите партии треба да го напуштат просторот за игра.

  1. Наградниот фонд е 210.000 денари и е поделен на 10 редовни и 6 специјални награди.

Редовни награди (185.000,00):

I. место...........50.000  денари

II. место...........30.000

III. место...........25.000

IV. место...........20.000

V. место...........16.000

VI. место...........13.000

VII. место...........10.000

VIII. место...........   8.000

IX. место...........   7.000

X. место............  6.000

Овие награди се делат по Хортов критериум.

Специјални награди (25.000,00 денари):

I. најдобра шахистка

1) место                                                  6.000 денари

2) место                                                  4.000

II. најдобар играч со рејтинг до 2200             3.000

III. најдобар играч со рејтинг до 2000             3.000

IV. најдобар играч со рејтинг до 1800 3.000

V. најдобар  млад играч до 18 години           (родени 1997 и помлади)   3.000

VI. најдобар ветеран преку 65 години (родени 1950 и постари)      3.000

Овие награди не се делат.

Играч може да освои само една награда- поголемата.

При еднаков број на поени одлучува:

1. бухолц -1 (без најлошиот противник)

2. бухолц (целосен)

3. поголем број победи

4. прогрес

5. скратен прогрес

  1. Свеченото затворање и прогласување на наградените учесници ќе биде 30 минути

по завршувањето на последното коло.

Информации:

Регистрација: Иван Кочовски, тел.078/227382, E-mail:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Сместување: Хотел Дрим

Tel: +389 46 785 800 / Fax: +389 46 780 460 / Mob: +389 70 347 269

E-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите / URL: www.drim.com.mk / Skype: hotel.drim1

facebook.com/hoteldrimtwitter.com/hoteldrimstruga