drim1
novamakedonija
todor-mitrov-logo
ЕКИПНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ЗА МЛАДИ ЈАХЈА КЕМАЛ ЈУНИОР Печати
1. Екипното првенство на Македонија за млади (до 16 години) ќе се одржи за време на викендите во текот на мај и јуни 2015 година, во организација на Шаховската федерација на Македонија. Првите натпревари ќе се одиграат на 17 мај во Струга, а завршните на 07 јуни во Скопје.
2. Спонзор е Приватното Основно Училиште „Јахја Кемал Јуниор“ од Скопје, а Шаховската федерација на Македонија е технички организатор на натпреварите.
3. Право на учество имаат шаховски клубови, шаховски школи и други субјекти кои организирано се занимаваат со шаховска активност.
4. Екипите се составени од 4 (четири) млади шахисти и 2 (две) резерви.
5. Се игра по Бергеров (кружен) систем, секој со секого, по бод систем.
За победа во мечот (4:0; 3,5:0,5; 3:1 и 2,5:1,5) се добиваат 2 бода , а за нерешен резултат (2:2) се добива еден бод.При ист број на бодови одлучува:
  • Вкупен број на освоени поени
  • Резултат од меѓусебни средби
  • Подобар успех на сите табли на целото натпреварување (1.табла се бодува со 100 поени, 2.табла со 90 поени, 3.табла со 82 поени, 4.табла со 76 поени)
6. Темпо на игра е 15’ + 10“.Бројот на одиграни партии во еден ден зависи од бројот на пријавени екипи.
7. Најуспешните ќе бидат наградени со пригодни подароци.
8. Пријавување на екипите (email: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ) најдоцна до 14 мај (четврток) 2015 година.
Расписот може да се погледне овде.
.