drim1
novamakedonija
todor-mitrov-logo
XXIV Екипен Шампионат на Македонија за 2015 година PDF Печати
  1. Шаховската федерација на Македонија, од 20 - 26 јули 2015 година, во хотел „Дрим"во Струга, го организира XXIV Екипен Шампионат на Македонија во шах.
  2. На Екипното првенство на Македонија право на настап имаат: Алкалоид (Скопје), Гамбит Асеко-Сее (Скопје), Стево Патако (Битола) , Карпош (Скопје), Прилеп, ГШК Куманово (Куманово), Гостивар и 4-ти Ноември (Битола). .
  3. Последен рок за пријавување на екипите е 30 јуни 2015 година.Бројот на пријавените играчи за состав на екипата е ограничен на максимум 14 шахисти.
  4. Мечевите се играат на 6(шест) табли со 4(четири) резерви.Во клубовите може да настапуваат и регистрирани странци, но не повеќе од тројца по меч.
  5. Техничката конференција и определување турнирски броеви ќе се изврши на

20 јули (понеделник) во 11,00 часот. Со предавањето на основниот состав, секоја екипа е должна да именува свој капитен и да го назначи во составот.

  1. Ако за поедини мечеви настапуваат резерви,капитенот е должен да предаде состав од 09,30-10,00 часот, освен за првото и последното коло по договор.

7. Темпо на игра е 90 минути за 40 потези и 30 минути до крајот на партијата, по играч,  со додаток од 30 секунди за секој потег, почнувајќи од првиот.

8. Партиите се играат секој ден од 16,30 часот, освен последното коло кое започнува во 10,00 часот.

9. Првенството се игра според Правилата за игра на ФИДЕ и ќе се рејтингува.

  1. Цени на услуги во хотел „Дрим" :

· полн пансион - 1.890 денари по лице на ден во двокреветна супериор соба.

За еднокреветна соба цената на пансионот се зголемува за 30%.

За трето лице во двокреветна соба цената на пансионот се намалува за 30%.

Пансионот започнува на 19 јули со вечера, а завршува со ручек на 26 јули 2015 година. Корисникот на услугата се обврзува плаќањето да го изврши пред почетокот на натпреварите, на лице место во готово или на фактура.

Инекс Дрим АД, жиро сметка : 210040717190136

Депонент: НЛБ Тутунска банка АД-Скопје

  1. Се игра по Бергеров систем(секој со секого) по бод систем.За победа во меч се добиваат два бода, а за нерешен резултат  еден бод.При ист број на бодови одлучува:
    • Вкупен број на поени
    • Резултат од меѓусебна средба
    • Подобар успех на сите табли на целото натпреварување (1.табла се бодува со 100 поени, 2.табла со 90 поени, 3.табла со 82 поени, 4.табла со 76 поени, 5.табла со 72 поени и 6.табла со 70 поени)
  2. Победникот на Шампионатот е првак на Македонија за 2015 година, а првите шест пласирани екипи се членови на Екипното првенство за 2016 година.

Скопје,01.06.2015 година

Шаховска федерација на Македонија, Иван Кочовски, стручен секретар