drim1
novamakedonija
todor-mitrov-logo
Меморијал „Тодор Митров - Тиката " Печати

Меморијал Тодор Митров – Тиката

 

 

 

 

1.

Шаховскиот турнир, Меморијал „Тодор Митров - Тиката " , ќе се одржи на 08.11.(недела) 2015 година, со почеток во 10:00 часот, во хотел "Александар Палас" во Скопје, во техничка организација на Шаховски сојуз на Град Скопје. .

2.

Турнирот се одржува во знак на сеќавање на еден од доајените на македонскиот шах, легендата на Кавадарци, Тодор Митров - Тиката. Покровител е неговото семејство.

3.

Право на настап имаат сите заинтересирани шахисти, без оглед на титула и место на живеење.

4.

Пријавување најдоцна до 07.11.2015 година.Своето учество на турнирот играчите ќе го потврдат со присуство во салата за игра на 08.11.2015, најдоцна до 09:30 часот.

5.

Се играат 9 (девет) кола по Швајцарски систем, според Правилата на ФИДЕ за забрзан шах.

Се применува членот А.4 од Правилата на ФИДЕ за забрзан шах.

6.

Темпо на игра е 15 минути по играч со додаток од 05 секунди за секој одигран потег, почнувајќи од првиот ( 15'+ 05").

7.

Турнирот се рејтингува во ФИДЕ.Важи рејтинг листата на ФИДЕ за забрзан шах.

8.

Во паузата по петтото коло освежување на учесниците со храна и пијалоци.

9.

Уписнината за учество е 300 денари.

Од уписнина се ослободени носители на меѓународни титули.

10.

Наградниот фонд на турнирот изнесува  300.000 денари

a) Редовни награди (267.000)

1) 60.000 денари

2) 45.000

3) 30.000

4) 20.000

5) 15.000

6) 14.000

7) 13.000

8) 12.000

9) 11.000

10) 11.000

11) 10.000

12) 10.000

13) 8.000

14) 8.000

 

Првите 6 (шест) награди се делат по Хортов систем, а останатите не се делат.

b) Специјални награди (33.000)

1) најдобра шахистка

6.000

2) најдобар шахист до 18 години (родени 1997 и помлади)

6.000

3) најдобар ветеран над 65 год. (родени 1950 и постари)

6.000

4) најдобар шахист со рејтинг помал од 2200

5.000

5) најдобар шахист со рејтинг помал од 2000

5.000

6) најдобар шахист со рејтинг помал од 1800

5.000

Специјалните награди не се делат.Се доделуваат по приоритет на наведениот редослед.

Играч може да освои само една награда - поголемата.

При еднаков број на поени одлучува:

I. бухолц -1 (без најлошиот противник)

II. бухолц (целосен)

III. поголем број победи

IV. прогрес

V. скратен прогрес

11.

Информации и пријавување кај Иван Кочовски, Email: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

12.

Судии на турнирот се ИА Иван Кочовски,ФА Сашко Лакински ,Вахидин Исмаили.

 

Скопје,09.06.2015 година

 

Шаховски сојуз на Град Скопје

Претседател,

Горан Главинац