drim1
novamakedonija
todor-mitrov-logo
European Chess Club Cup PDF Печати

 

31st European Chess Club Cup
20th European Chess Club Cup for women
Skopje,18-24 October 2015
Европскиот Куп на Клубовите во хотел „Александар Палас“ во Скопе, по Шаховската олимпијада во 1972 година, беше најквалитетен шаховски собир во нашата земја.Организатори беа Општина Карпош и ШК Гамбит Ассеко СЕЕ со подршка на Шаховската федерација на Македонија.Присуството на огромен број врвни светски играчи предизвика голем интерес кај љубителите на шахот во нашата земја и пошироко.Во екипите настапија пет поранешни светски прваци, Крамник и Топалов
во машка, а Костењук, Стефанова и Ушенина во женска конкуренција.Имаше секојдневен пренос на интернет во живо на
вкупно 60 партии, пропратен со стручни коментари на велемајсторот Борки Предојевиќ и интернационалниот мајстор
Сандра Ѓукиќ.
Домашниот терен беше предизвик за нашите претставници Алкалоид и Гамбит Ассеко СЕЕ.
Во машка конкуренција на крајот Алкалоид беше 6-ти, а Гамбит Ассеко СЕЕ во конкуренција на жени го освои второто
место и носител е на сребрениот медал.Во составите на екипите доминираа шахисти од странство.
Од поединечните резултати Ју Јангјуи (Кина) освои златен медал за настап на 6-тата табла за Алкалоид, додека Антоанета Стефанова (Бугарија) се закити со злато за настап на првата табла за Гамбит Ассеко СЕЕ.Нејзината колешка од екипата
Шен Јанг (Кина) освои златен медал на третата табла.
Победник кај мажите беше екипата на Сибир од Русија предводена од Крамник.Кај жените неприкосновена беше екипата
на Нона од Грузија.

 

Сите поединости за турнирот можеа да се следат на официјалниот сајт http://www.europeanchessclubcup2015.com
eccc2
eccc3
eccc4