drim1
novamakedonija
todor-mitrov-logo
МЕМОРИЈАЛ "ТОДОР МИТРОВ - ТИКАТА" 2015 PDF Печати

Tikata

 

 

 

 

Во знак на сеќавање на еден од доајените на македонскиот шах, легендата на Кавадарци,Тодор Митров – Тиката, во хотел “Александар Палас“ во Скопје, се одржа најмасовниот и најдобро организираниот  Меѓународен турнир во забрзан шах во Македонија, Меморијал „Тодор Митров-Тиката“  2015.
Покровител беше неговото семејство, а мото на турнирот  “Шах без граници“. Честитки и секоја чест !!
Богат награден фонд од 300.000 денари беше магнет за учество на 175 шахисти од Албанија, Бугарија, Косово, Полска,
Русија, Србија и Македонија.Од нив 14 велемајстори и 6 интернационални мајстори, а вкупно 38 носители на меѓународни
титули. Најпознати секако Кирил Георгиев и Иван Иванишевиќ, досегашни победници на престижниот и ширум познат
Карпош Опен.
За првпат во Македонија, на рапид турнир, се вршеше директен пренос на интернет од првите 8 табли.
Се надеваме дека во иднина  секој организатор на турнир во Македонија ќе посака да користи такви услуги.
По одиграните 9 кола , со темпо на игра  15’+ 05”, првото место со 8 поени го освои бугарскиот велемајстор Петар
Арнаудов, член на Гамбит Ассеко СЕЕ од Скопје. Веднаш до него беа неговите сонародници Александар Делчев и
Кирил Георгиев  и нашиот Филип Панчевски со по 7,5 поени. Радува успехот на македонските млади шахисти,
тинејџерите Никола Николовски и Тони Лазов, кои беа во групата со по 7 поени, а Станојоски и Чоловиќ ја предводеа
групата со 6,5 поени .

 

Листата на наградени шахисти може да ја погледнете на

Комплетната табела и другите податоци, со слики од настанот, може да се видат на

http://chess-results.com/tnr177870.aspx?lan=1

Партиите може да ги прегледате на следниов линк http://www.chessbomb.com/arena/2015-tikata .

Галеријата од турнирот може да се види на следниов линк http://www.chess.com.mk/galerii/view/21 .

t1

 

 

t2

 

 

t3

 

 

t4

 

 

t5